Василево
Кандидатот за градоначалник на Општина Василево Славе Андонов оствари средба со жителите на Висока Маала

Published
10 месеци agoна
By
Media Press
Кандидатот за градоначалник на Општина Василево Славе Андонов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на средби со граѓани ја нуди својата програма во која како што вели нуди конкретни проекти.
Тој вчера оствари средба со жителите на Висока Маала.
„Горд сум на нашата програма. Имаме проекти кои се важни за граѓаните и нудат решение за многу проблеми. Денес програмата ја презентиравме во Висока Маала. Доаѓаме од врата на врата во секое село. Ќе зборуваме за решенија“ вели Андонов.
Поврзани содржини
Советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата со маички „НЕ“, на 12-та Седница на Советот на општина Василево
Градоначалникот на општина Василево, побара асистенција од хеликоптер за гаснење на пожарот над Требичино
„ФК Македонија“ , победници на меморијален турнирот во мал фудбал, Ч`крче во Пиперево
Одбележан 19-ти јули, настан од поблиската историја во Општина Василево
Лишени од слобода две лица, пронајдена марихуана во автомобил
Во Нова Маала се гради повеќенаменски објект во партнерство со Турската владина агенција ТИКА
Василево
Советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата со маички „НЕ“, на 12-та Седница на Советот на општина Василево

Published
2 недели agoна
јули 29, 2022By
Media Press
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на општина Василево, на вчера одржаната редовна 12-та седница на Советот на општина Василево, облечени во маици со испишано НЕ, упатија порака до јавноста, за како што информираа- НЕ за бугаризација, НЕ за ултиматуми, НЕ за уцени, НЕ за продажби.

Советниците работеа по дневен ред од вкупно осум предлози, меѓу кои и Кварталните извештаи за работата на општината за периодот 01.01.2022 до 30.06.2022. Образложение за истите даде градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:
„ Ќе зборувам за специфичностите на Извештајот за тој период. Може да видите дека во очи паѓа реализацијата на капиталните инвестиции, каде што реализацијата е околу 56 %, односно од планирани 18 500 000 денари реализирани се 10 290 000 денари. Од ова може да се види начинот на работа и каде одат најголемиот дел од средствата. Во однос на долговите, за месеците мај и јуни имаме намалување во јуни во однос на мај. 3 000 000 денари имаме зголемување кое е за улиците во Василево и Пиперево, Но овој долг не е реален, помал е бидејќи ние имаме јавно приватно партнерство со Телеком за јавното осветлување и по тој основ средства од околу 1 200 000 денари, Телеком треба да ни ги прати. Ова значи дека долгот не е 97 000 000 туку 96 287 000 денари. Од сите податоци може да се види дека општината ја стабилизираме финансиски и реализираме проекти, како затечени така и нови. И се надевам дека така ќе продолжиме и во иднина“, рече во своето излагање, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
На дневен ред на седницата беше и Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за периодот од 01.01.2022 до 30.06.2022 година, според кој Јaвното претпријатие покажува загуби во своето работење, кои за споменатиот период изнесуваат 83 105 денари.
Мнозинство доби и Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година, a советниците позитивно се изјаснија и во однос на поднесените Барања за финансиски средства.
Василево
Градоначалникот на општина Василево, побара асистенција од хеликоптер за гаснење на пожарот над Требичино

Published
2 недели agoна
јули 28, 2022By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, заради гаснењето на пожарот над населеното место Требичино, официјално, со службен допис до РЦУК – Струмица побара асистенција од хеликоптер за негово гаснење.
Како што стои во Барањето, пожарот е на непристапен терен поради што се исклучени другите форми на интервенција а дополнително постои и опасност од негово проширување кон населеното место.
Градоначалникот Андонов во контунитет, на терен ја следи состојбата, и очекува со навремена интервенција истиот да боде локализиран.
Василево
Состанок на Општинскиот кризен штаб и институциите надлежни за кризни состојби

Published
2 недели agoна
јули 26, 2022By
Media Press
Работен состанок денеска беше одржан во кабинатот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, членовите на Општинскиот кризен штаб и претставници од институциите надлежни за менаџирање на кризните состојби: ЦУК (Центар за управување со кризи) ТППЕ , Струмица, (Територијална противпожарна единица – Струмица) ЈП „Македонски шуми“, подружница Струмица и ДЗС (Дирекција за заштита и спасување.
На средбата е разговарано за моменталната состојба со пожарите во општина Василево, конкретно за опожарените депонии во населените места Василево и Чанаклија кои се веќе изгаснати , како и за активниот пожар над населеното место Требичино кој во моментот е под контрола и се следи од страна на надлежните.
За деновите што следуваат, направен е план за координирано дејствување на сите вклучени страни, во случај на промена на состојбата со огнот односно негово проширување. Присутните излегоа и со заеднички став дека треба дополнително да се упати апел до жителите, да не палат огин на отворено, да не палат стрништа и воопшто да ги почитуваат мерките и апелите од надлежните институции со што во овие екстремно топли денови би се избегнале пожарите и последиците од нив.

Денеска е Преподобна Параскева, во народот позната како Света Петка

Казни за 23 мотоциклисти на подрачјето на СВР Струмица

Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет

Утре, крводарителска акција во Црвен крст Радовиш
