Connect with us

Избори 2021

Ристов: Ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е: развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш

Media Press

Published

на

„Се наоѓаме пред можеби  најважните локални избори во Општина Радовиш, Чекајќи ја локалната власт да се договри  кој е посилен и кој со кого е,   поминавме тешки 30 години од осамостојувањето на Република Македонија и повеќе немаме време да чекаме“ рече кандидатот за градоначалник на Радовиш од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Ацо Ристов на денешната прес- конференција.

„Граѓаните повеќе немат ниту трпение а ниту време да следат вакви политичари. Доста е !  Ние имаме поинаков пристап и поразлична понуда за сите вас. Ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е: развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш. Точно и прецизно го знаме патот до неа. Време е да се обединиме за нашата заедничка иднина во Радовиш. Радовиш е град на сите граѓани. Секое место, секој граѓанин заслужува почит. Новите правила за развој на Радовиш ке бидат поставени од самите граѓани“, додава Ристов и притоа спомна и конкретни проекти кои ќе ја подобрат како што рече денешната, лоша слика за градот.

„Ви нудиме нов Културно-деловен центар со: подземен паркинг за 200 возила на две нивоа; со деловни простории, канцеларии, угостителски објекти;  дискотека; затворен атрум за 1500 луѓе за концерти, престави и јавни собири; галерија и дел за домување. Овој центар ќе донесе нови вработувања, нови можности за младите да добијат место за рекреација, за нови придобивки, за убави моменти“, вели Ристов.

Избори 2021

ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг

Media Press

Published

на

Државната изборна комисија на вчерашната седница го донесе заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021, за соодветните општини.

На гласањето во вториот изборен круг одржано на 31.10.2021 година се избрани градоначалници во следните општини:

ОпштинаПодносител на листа на кандидат за градоначалникИме и презиме на избран градоначалник
АрачиновоДемократска унија за интеграција – ДУИРидван Ибраими
БитолаВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕТони Коњановски
Боговиње Демократска унија за интеграција – ДУИБесник Емши
Василево ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕСлаве Андонов
ВевчаниВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕСпасе Кочовски
ВрапчиштеКоалиција алијанса за албанците и алтернативаИсен Шабани
ГевгелијаВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕАндон Сарамандов
Гостивар Коалиција алијанса за албанците и алтернативаАрбен Таравари
ДебрцаГрупа избирачи „Зоран Ногачески“Зоран Ногачески
Демир КапијаКоалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМЛазар Петров
Демир ХисарВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕНикола Најдовски
Долнени Демократска унија за интеграција – ДУИУрим Ибески
ЗелениковоВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕКоста Маневски
КарпошГраѓанска опција за Македонија – ГРОМСтевчо Јакимовски
Кичево Демократска унија за интеграција – ДУИФатмир Дехари
Кратово ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕТодорче Николовски
КумановоГрупа избирачи „Максим Димитриевски“Максим Димитриевски
Лозово ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕБошко Цветковски
Македонска Каменица ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕДимчо Атанасовски
Македонски брод ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕЖарко Ристески
Ново Село ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕЃорѓе Божинов
Охрид ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕКирил Пецаков
Пехчево ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕАлександар Китански
Радовиш ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕАцо Ристов
Ранковце ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕБорче Спасовски
Ресен ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕЈован Тозиевски
Росоман Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМСтојан Николов
Струга Демократска унија за интеграција – ДУИРамис Мерко
Теарце Демократска унија за интеграција – ДУИНухи Незири
ТетовоДвижење БЕСАБиљал Касами
Центар Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМГоран Герасимовски
Чаир Демократска унија за интеграција – ДУИВисар Ганиу
Чашка Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМГоран Стојановски
Чучер Сандево Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМСашко Комненовиќ
Град СкопјеГрупа избирачи „Данела Арсовска“Данела Арсовска

Прочитај повеќе

Избори 2021

ДИК ги објави првичните официјални резултати од вториот круг на Локалните избори

Media Press

Published

на

Согласно објавените првични официјални податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини од кои во 5 општини во Југоисточниот регион. ВМРО -ДПМНЕ однесе победа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Зоран Заев поднесе оставка како лидер на СДСМ и премиер на државата

Media Press

Published

на

Премиерот Зоран Заев на прес конференција по упатувањето честитки на опонентите за победата во Локалните Избори поднесе оставка од премиерската позиција на државата како и од претседателската функција во СДСМ.

„Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и од претседател на социјал демократскиот сојуз на Македонија.“ – изјави Заев на прес конференција

Прочитај повеќе