Connect with us

Македонија

Пиписот во завршна фаза, сè уште неизвесно дали ќе биде продолжен

Media Press

Published

на

Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони  низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

„Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови  предвидени во Законот за Попис“, велат од ДЗС.

Во Радовиш пописот е при крај, завршено е речиси над 95% од попишувањето, соопштуваат од пописната комисија на Општините Радовиш и Конче.

Македонија

Личните карти граѓаните ќе можат да ги подигнат и во сабота и недела

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) во сабота, 16 октомври, ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00  до 16.00 часот.

„Во недела, пак, на 17.10.2021 година сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови  во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево)“, стои во соопштението. 

На 17 октомври ќе се одржат локални избори во Македонија на кои граѓаните ќе бираат нови градоначалници и советници. 

Прочитај повеќе

Македонија

Последен ден од предизборната кампања за локалните избори

Media Press

Published

на

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври.

Кандидатите за градончалници и за членови на советите во општините го користат последниот ден за да се претстават пред граѓаните и да ја побарат подршката. Кампањата започна на 27 септември и во изминатите 20-тина дена политичките партии и независните кандидати се натпреваруваа кој подобра програма да понуди пред граѓаните и да ја придобие подршката.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги потсетува дека од вечерва на полноч, заклучно со 19 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Прочитај повеќе

Македонија

Нови протоколи за Ковид-19 за влез во Велика Британија и Северна Ирска

Media Press

Published

на

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.

Граѓаните на Република Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под одредени услови информира МНР

„Да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик“ стои во соопштението.

На веб страницата на МНР може да се следт најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19  

Останува непроменето дека, македонските државјани за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој, додаваат од МНР.

Прочитај повеќе