Connect with us

Радовиш

Конзулов оствари прва предизборна средба со граѓаните од населба Раклиш

Media Press

Објавено на

Прва предизборна средба со граѓаните од населба Раклиш оствари кандидатот за градоначалник на Општина Радовиш Герасим Конзулов, заедно со советниците и носителот на листата Страхил Гавритов. Конзулов претстави дел од својата програма, но спомна и колку проекти реализирал во својот досегашен мандат.

„Денес со огромно задоволство и чест ја започнав мојата предизборна кампања токму од моето родно место, заедно со советниците и носителот на листата Страхил Гавритов“, рече Конзулов пре своите сограѓани.

 Конзулов рече дека има добра екипа како  во општината така и во ЈП Плаваја. Тој додаде дека ЈП Плаваја има квалитетен директор кој знае и умее да управува со води и со претпријатието. Секое село може да го посети со крената глава освен село Дамјан рече Конзулов, каде сеуште не е почнат проектот од Агенцијата за регионален развој но наскоро ќе започне.

 Конзулов го спомна и целосно асфалтираниот регионален пат до планината Плачковица во должина од 19 километри, за прв пат после  40 години.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе