Избори 2021

Конзулов: Имам цврста намера и решителност да продолжам уште посилно и попосветено да работам и во следниот мандат

Актуелниот градоначалник на Радовиш, Герасим Конзулов, влегува во трката за втор мандат, овој пат кандидат од коалицијата ДОМ и ЛДП и ја бара подршката од граѓаните по втор пат.  

„Во изминатите четири години РЕАЛИЗИРАВ 112 ПРОЕКТИ. Општина Радовиш ја наследив со многу проблеми и потреби, во најголем дел недостигаа неопходни, суштински работи кои требаше да се направат. Јас ги направив! Нашите граѓани имаа можност да бидат сведоци на моето досегашно работење, со кое покажав дека кога се сака, може да се работи посветено, домаќински и чесно“, вели Конзулов, кој додава дека тоа го охрабрува за втор мандат.

„Токму поради тоа во програмата што ја нудам за идниот мандат, за кој барам поддршка од Вас, исправено, чесно и со чист образ, ги акцентирав сите такви потреби и проблеми и затоа имам цврста намера и решеност да продолжам уште посилно и попосветено да работам и во следниот мандат, со единствена цел – нивно конечно решавање. И ќе успееме ќе ги реализираме сите!“ додава Конзулов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago