Connect with us

Македонија

Од денеска трета доза вакцина, граѓаните кои исполнуват услови ќе бидат известени преку СМС

Media Press

Published

на

Од денеска со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина, информира Министерството за здравство.

Третата доза ќе биде од производителот Фајзер, без разлика која вакцина е примена претходно. Граѓаните кои ги исполнуваат условите и препораките за трета доза, ќе бидат известувани преку СМС порака за термин и вакцинален пункт каде треба да се јават.

– Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава, соопштува МЗ.

Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација. Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем Мој Термин, известува МЗ.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Личните карти граѓаните ќе можат да ги подигнат и во сабота и недела

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) во сабота, 16 октомври, ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00  до 16.00 часот.

„Во недела, пак, на 17.10.2021 година сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови  во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево)“, стои во соопштението. 

На 17 октомври ќе се одржат локални избори во Македонија на кои граѓаните ќе бираат нови градоначалници и советници. 

Прочитај повеќе

Македонија

Последен ден од предизборната кампања за локалните избори

Media Press

Published

на

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври.

Кандидатите за градончалници и за членови на советите во општините го користат последниот ден за да се претстават пред граѓаните и да ја побарат подршката. Кампањата започна на 27 септември и во изминатите 20-тина дена политичките партии и независните кандидати се натпреваруваа кој подобра програма да понуди пред граѓаните и да ја придобие подршката.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги потсетува дека од вечерва на полноч, заклучно со 19 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Прочитај повеќе

Македонија

Нови протоколи за Ковид-19 за влез во Велика Британија и Северна Ирска

Media Press

Published

на

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.

Граѓаните на Република Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под одредени услови информира МНР

„Да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик“ стои во соопштението.

На веб страницата на МНР може да се следт најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19  

Останува непроменето дека, македонските државјани за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој, додаваат од МНР.

Прочитај повеќе