Connect with us

Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на Радовиш Ацо Ристов, во посета на наслените места Ораовица и Бучим

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Радовиш Ацо Ристов, од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата оствари средба со жителите на населените места Бучим и Ораовица.

„Овие трудољубиви луѓе кои опстануваат од земјоделството и сточарството се разочарани. Велат, на секои избори ни ги ветуваат истите работи но никако да ги остварат. Немат ниту едно ново вработување на младите лица. Добро ги ислушав сите нивни критики и ги запишав сите барања. Овие луѓе заслужуваат максимална поддршка и тоа им го ветив. Ќе работиме максимално да го вратиме нормалниот живот во Бучим. Со чиста вода за пиење, со редовно собирање на сметот, со нови зелени површини и со бесплатен интернет“, вели Ристов.

Ацо Ристов ја посети и Ораовица за кој што вели дека е секогаш мотивирана кога треба да се сака и брани сопствената држава и сопствениот народ.

„За жал актуелната власт го заборави ова место. Дозволи да почнат да се распаѓат изградените објекти а не ни помисли да изгради нешто ново. Никој не ги прашува дали се задоволни од животот, дали живеат во нормална држава, дали воопшто имат надеж. Освен се поголемото иселување друго ништо не е мрднато. Им ветивме дека на овие локални избори влегуваме со чисто срце подготвени за многу работа и конкретни резултати“, вели Ристов.

Избори 2021

Втор круг на локални избори ќе има во пет општини во Југоистокот

Media Press

Published

на

Во пет општини во Југоистокот ќе има втор круг на гласање кое ќе се одржи на 31 октомври.

Втор круг на локалните избори  ќе има во општина Радовиш. Според обработените податоци на ДИК, засега Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ  со  4.894 води пред останатите тројца противкандидати. Тој ќе ја води битката во вториот круг со  Коле Чаракчиев кој засега има  3280 освоено гласови.  Горан Поцев освои 2071 и Герасим Конзулов 1895 од вкупните гласачи.

Во Гевгелија во трка во вториот круг  влегуваат Андон Сарамандов, кандидатото на ВМРО -ДПМНЕ со 6.064 гласа  и актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од СДСМ, Сашо Поцков со 4.465 освоени гласови. Виктор Петков од ЛДП и ДОМ освои 999 гласови, Глигор Петков независен кандидат 504 и Љупчо Кадиев од ИНТЕГРА 129 гласа.

Тесна ќе биде трката во вториот круг помеѓу кандидатите за градоначалник на општина Василево. Таму води Славе Андонов од ВМРО -ДПМНЕ со 3.090 гласови пред Марјан Јанев  од СДСМ  кој освои 3.035.

Втор круг на гласање ќе има и во Општина Конче. Актуелниот градоначалник води со 968 освоени гласови пред Златко Ристов од ВМРО ДПМНЕ кој освои  859. Орхан Баров од ДПТ освои 172 гласови.

 Уште една општина во југоистокот ќе има втор круг за избор на градоначалник на локалните избори 2021. Ново Село не доби градоначалник во првиот круг. За две седмици двајцата кандидати уште еднаш ќе си ги одмерат силите. Звонко Ангелов од СДСМ и Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се тркаат за две седмици. Неофицијално, причина е големиот број на неважечки ливчиња, околу 160. Вера во Македонија се одржаа седмите по ред локални избори на кои според податоците кои сега стојат на располагање, вкупната излезенос била 48% односно гласале 848.104 граѓани од вкупно запишаните во избирачкиот список 1.824.864 гласачи, а податоците сеуште се обработуваат.

Гласањето во последните избирачки места според ДИК завршило во 21:55 часот вчера, односно два часа и 55 минути по 19 часот, кога требаше да се затворат избирачките места.

Апаратите за земање отпечаток од прст, што првпат се користат на овие избори, не оставија добар впечаток кај гласачите и тие беа најчестите проблеми со кои се соочуваа и гласачите и членовите на избирачките одбори.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Пет општини во Југоистокот прогласија победа во првиот круг

Media Press

Published

на

Државната изборна комисија сѐ уште ги нема објавено конечните податоци за одзивот на локалните избори кои се одржаа вчера.

Колку избирачи излегле на гласање на локалните избори во Македонија и натаму не се знае точно.

Засега победа во прв круг најавија пет општини во Југоистокот: Костадин Костадинов кандидатот за градоначалник на Струмица со 13.760 гласови  е во убедливо водство пред противкандидатите Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ за кого гласале 10291 гласачи и Васе Витанов од Интегра со 346 гласови.

Валандово со актуелниот градоначалник Перо Костадинов, Богданци  со актуелниот градоначалник Блажо Шапов и Дојран со Актуелниот градоначалник Анго Ангов, сите кандидати на СДСМ  и во Босилово каде победи кандидатот на ВМРО -ДПМНЕ, Ристо Манчев. Таму тој беше во убедливо водство со 4156 гласови против кандидатот, актуелниот градоначалник на СДСМ, Зоран Зимбаков кој освои 2.708 гласови.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Златко Ристов денеска на митинг во Габревци и Лубница

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Општина Конче од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов ги повикува жителите од Општина Конче да присуствуваат денеска на  митинг во населените места с.Габревци 17.30 часот и с.Лубница 19.30 часот. Како што вели Ристов, во оваа прилика ќе ја образложи програмата пред присутните жители на населените места и што ќе направи за подобрување на условите за живеење.

Тој деновиве активно ги посетува населените места во општината и остварува средби со граѓани со цел одблиску да се запознае со нивните проблеми.  

Прочитај повеќе