Connect with us

Радовиш

Гулабите се дел од неговиот живот и со нив се дружи откако знае за себе

Media Press

Published

на

Гулабите се дел од неговиот живот.  Со нив се дружи откако знае за себе и едноставно не може да замисли каков би му бил животот  доколку  не е така. Радовишанецот Иле Чанчалов е само еден  од оние пасионирани љубители на овие птици кои без условно голем дел од времето го посветуваат на нив.

Иле вели дека едноставно ужива во држењето со гулабите, ги чува од љубов и затоа знае да каже дека гулабари има многу, а одгледувачи малку.  Моментално има околу 80 гулаби на кои дневно им посветува по неколку часа.

Љубовта кон нив е поголема од трудот што се вложува. За се да биде во ред треба и време, труд,  но и пари , но вели Иле,  кога ќе седнете покрај нив едноставно заборавате на се. Гулабарствово не е само хоби, туку и еден вид спорт.

Радовиш

Градоначалникот Ристов изврши прием на лицата кои за празникот Богојавление ги фатија светите крстови во населените места

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Aцо Ристов, денеска изврши прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш.

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на лицата им подари паметни часовници.

Наградени беа среќните момчиња:1. Раде Ефтимов (Раклиш) 2. Костадин Цинцовски (Ораовица) 3. Николче Тодоров (Подареш) 4. Стојанче Цветков (Јаргулица) 5. Драган Златков (Покрајчево) 6. Дејвид Ѓоргиев (Злеово) и 7. Илија Василев (Калугерица).

На среќното момче Петре Здравков, кое го фати светиот крст во Радовиш градоначалникот му подар ЛЦД Телевизор од Општина Радовиш, на денот на настанот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува

Media Press

Published

на

На плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ продолжува програмата Радовиш „Светол Град“ во органзизација на ЦК „Ацо Караманов“. Свој настап имаа Распеани Радовишани и неколку Фолклорни ансамбли. ФА Ацо Караманов од Радовиш, ФА Бучим од Радовиш, ФА Подарешани млади од С. Подаеш и ФА Сушевски бисери од с. Сушево.

Новогодишниот фестивал „Светол Град“ во Радовиш е под покровителство на Општина Радовиш.

Прочитај повеќе