Радовиш
Во рамките на Карамановата летна сцена во Паркот на младите во Радовиш се одржа концерт “НОСТАЛГИЈА”

Published
11 месеци agoна
By
Media PressВо рамките на Карамановата летна сцена синоќа во паркот на младите во Радовиш се одржа концерт на Викторија Коцева и Тоше Поп Лазаров, млади надежни музичари од Радовиш. Настанот беше насловен „Носталгија“ и самиот предизвика вистинска носталгија кај радовишани, како кон музиката така и кон самиот Парк на млади.

Во Паркот на младите во Радовиш со години се нема одржано никаков настан и освен положување на цвеќе на спомен обележјата не се случуваше речиси ништо и затоа беше малку подзаборавен од радовишани. Синоќашниот настан во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ предизвика вистинско освежување, но и носталгија за едни дамнешни времиња.

Настанот се одржа според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, велат организаторите.
Поврзани содржини
Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка
,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022
Се знае ценовникот за зонското паркирање во Радовиш, советниците го изгласаа на вчерашната седница
Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47
Од октомври ќе започне изградбата на новиот „Градски Пазар“ во Радовиш, советниците ја поддржаа предлог- одлуката за негово финансирање
Граѓаните со поделени мислења околу новото сообраќајно уредување на градското шеталиште во Радовиш, од општината смируваат
Радовиш
Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка

Published
4 дена agoна
август 5, 2022By
Media Press
Утринава околу 06.00 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Д.Ј., М.Ј. и С.П., сите од Радовиш. На 05.08.2022 во 06.00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ј., М.Ј. и С.П. од една страна и П.В. и Р.Т. од друга страна, сите од Радовиш. Д.Ј. и С.П. биле задржани во Полициската станица, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира СВР Струмица, Полициска станица Радовиш.
Утринава било приведено уште едно лице во раните утрински часови. Имено во 04.50 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен Ф.Ј.(20) од Радовиш затоа што на улица „Илија Алексов“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работни задачи. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Оливер Промет – РадовишСиноним за најквалитетни столици и маси изработени од професионални мајстори. Голем избор на материјали и бои за сите вкусови, висок квалитет и достапни цени само во Оливер Промет – Радовиш.Посетете не на излезот од градот во населба Раклиш и уверете се во богатиот асортиман што го нудиме.
Радовиш
Известување од Здружението МОБИЛНОСТ РАДОВИШ

Published
4 месеци agoна
април 12, 2022By
Media Press
MЕЃУОПШТИНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА ОПШТИНИТЕ РАДОВИШ И КОНЧЕ МОБИЛНОСТ РАДОВИШ Радовиш, ГИ ИЗВЕСТУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОДМОР И ОПОРАВОК ВО АПАРТМАНИТЕ ВО ОХРИД ЗА СЕЗОНАТА 2022 ГОД. СВОИТЕ МОЛБИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО од 15.04 – 30.04.2022 год.
ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ КЕ СЕ ИСПЛАКА НАДОМЕСТ ЗА ХРАНАРИНА , НО ПРИТОА СО ДОСТАВЕНАТА МОЛБА, ПОДНОСИТЕЛОТ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ И ПОТВРДА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ДЕКА Е КОРИСНИК НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ.
СМЕНАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПАРТМАНИТЕ ЗА ОДМОР И ОПОРАВОК ВО ОХРИД, ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ РАДОВИШ Е ОД 21.09 до 29.09.2022 година, стои во соопштението од Меѓуопштинското здружение на телесно инвалидизирани лица на Општините Радовиш и Конче Мобилност Радовиш.
Просториите на здружението се отворени во ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА И ПЕТОК од 10 – 13 ч.

Денеска е Преподобна Параскева, во народот позната како Света Петка

Казни за 23 мотоциклисти на подрачјето на СВР Струмица

Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет

Утре, крводарителска акција во Црвен крст Радовиш
