Пописот се одвива без проблеми. Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче
Пописот кој започна на 5 септември се
одвива без проблеми и согласно предвидената динамика во општините Радовиш и
Конче. Во двете општини досега се
попишани околу 11 илјади граѓани.
Денеска во посета на Радовиш беше и експертот за попис Данило Доленц кој ја наблудуваше самата пописна операција при посета на неколку домаќинства.
Претседателот на Пописната комисија за општините Радовиш и Конче Драги Стојанов, изразува балгодарност до граѓаните што одговорно се однесуват спрема оваа статистичка операција.
Експертот за попис Данило Доленц изрази задоволство од соработката на граѓаните
со попишувачите и притоа рече дека Македонија ќе добие еден квалитетен попис.
„Денеска ми е веќе четврти ден како го обиколувам теренот во Македонија и би сакал да кажам дека пописот кој се спроведува во Македонија, а тое е мојот седми попис и имам многу искуство во изведувањето на попишувањето, можам слободно да кажам дека овој метод кој што се употребува во Македонија е најнапредниот и најмодерниот попис, кој се прави во овој момент на просторот во цела Европа. Така да ми е големо задоволство што јас учествувам во овој голем проект кога успеавме да собереме многу податоци од овие извори така што попишувањето оди многу брзо и и квалитетно. Благодарма уште еднаш на домаќините за топлиот прием и знам дека овој попис ќе биде голем успех за Република Македонија“, рече експертот за попис Данило Доленц.
Државниот инструктор Кирил Ангелов задолжен за реонот 9 кој ги опфаќа општините Радовиш и Конче, рече дека се надминати почетните техничките проблеми и пописот е во полн ек. Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче.
Тој вели дека досега во двете општини Радовиш и Конче нема случај на одбивње на попишувач и не попишување или инцидент.
Пописот ќе се спроведува до 30 септември, а до тогаш трае и електронското самопопишување на иселениците во стрнаство.