Connect with us

Македонија

МОН: Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна

Media Press

Published

на

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% или 50 ученици од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, информира Министерството за образование и наука.

Што се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација.

Тоа што е особено важно да се потенцира е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата. При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите, велат од Министерството.

МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива.

Македонија

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Media Press

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес- конференција најави дека една од мерките која речиси сигурно ќе биде предложена во октомври е барањето сертификат за целосна имунизација, односно примени две дози вакцина, за влез во угостителски објекти или институции каде сега е дозволен со една примена доза.

„Мерка која сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро да прерасне со потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, рече Филипче, додавајќи дека на граѓаните ќе им се остават 2-3 недели за вакцинирање.

Според податоците што ги изнесе Филипче, над 90 отсто од починатите биле невакцинирани, а од вкупниот број новодијагностицирани од 6 до 16 септември 21 отсто биле вакцинирани, а 79 немале примено вакцина. Тој повторно ги повика граѓаните да се вакцинираат, како суштинска опција за излез од кризата.

Прочитај повеќе

Македонија

До вчера се попишани вкупно 800 008 лица

Media Press

Published

на

Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Како што информираат од ДЗС досега попишувањето тече во најдобар ред и граѓаните одговорно пристапуваат кон оваа статистичка операција.

Прочитај повеќе

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе