Connect with us

Радовиш

Струмица над 560 активни случаи на Ковид -19, Радовиш 110 активни

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 464 нови случаи на ковид-19, битката со вирусот ја загубија 23 лица, додека 435 пациенти се оздравени.

Од регистрираните  464 нови случаи, 40  се од општините од Југоистокот. Струмица – 35, Радовиш 3,  Гевгелија и Дојран – по еден.

Вчера починале 23 лица  на возраст од 40 до 83 години, 11 лица од Скопје, по три починати лица од Охрид и Струга, две починати лица од Велес) и по едно починато лице од Тетово , Куманово , Кичево и Македонски Брод.

Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирање на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Струмица од почетокот на пандемијата досега се регистрирани  5.488, активни 565, во  Гевгелија досега регистрирани  2.327, активни 72,  Радовиш досега регистрирани 1.421, активни 110,  Валандово 768, активни 34, Богданци 539, активни 24, и  Дојран  досега регистрирани 139, а во моментот се  активни  само 4 лица.

Радовиш

Во рамките на Карамановата летна сцена во Паркот на младите во Радовиш се одржа концерт “НОСТАЛГИЈА”

Media Press

Published

на

Во рамките на Карамановата летна сцена синоќа во паркот на младите во Радовиш се одржа концерт на Викторија Коцева и Тоше Поп Лазаров, млади надежни музичари од Радовиш. Настанот беше насловен „Носталгија“ и самиот предизвика вистинска носталгија кај радовишани, како кон музиката така и кон самиот Парк на млади.

Во Паркот на младите во Радовиш со години се нема одржано никаков настан и освен положување на цвеќе на спомен обележјата не се случуваше речиси ништо и затоа беше малку подзаборавен од радовишани.  Синоќашниот настан во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ предизвика вистинско освежување, но и носталгија за едни дамнешни времиња.

Настанот се одржа според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, велат организаторите.

Прочитај повеќе

Радовиш

Гулабите се дел од неговиот живот и со нив се дружи откако знае за себе

Media Press

Published

на

Гулабите се дел од неговиот живот.  Со нив се дружи откако знае за себе и едноставно не може да замисли каков би му бил животот  доколку  не е така. Радовишанецот Иле Чанчалов е само еден  од оние пасионирани љубители на овие птици кои без условно голем дел од времето го посветуваат на нив.

Иле вели дека едноставно ужива во држењето со гулабите, ги чува од љубов и затоа знае да каже дека гулабари има многу, а одгледувачи малку.  Моментално има околу 80 гулаби на кои дневно им посветува по неколку часа.

Љубовта кон нив е поголема од трудот што се вложува. За се да биде во ред треба и време, труд,  но и пари , но вели Иле,  кога ќе седнете покрај нив едноставно заборавате на се. Гулабарствово не е само хоби, туку и еден вид спорт.

Прочитај повеќе

Радовиш

Анкета: Дали радовишани ќе прават ајвар годинава?

Media Press

Published

на

Сезона на правење ајвар. Традицијата продолжува иако пиперките  оваа година имаат „солени“ цени. Сепак математиката покажува дека домашниот ајвар останува поисплатлив од купечкиот. Една тегла направена дома чини од 70 до 80 денари, а купена во продавница од 130  до 250 денари.  Во оваа пресметка не се зема предвид маката односно трудот, бидејќи во неговата подготовка се вклучува целото семејство. Ајварот во Радовиш се смета за посебен специјалитет и се прави на традиционален начин.

Сепак, традицијата на правење ајвар полека се напушта. Се помалку домаќинки се нафаќаат на мачната процедура – печење, лупење, мелење, пржење на пиперките. Најголем дел од семејствата  веќе не прават ајвар бидејќи децата не им се овде и се иселени во странство.

Помладите ќе направат, да ја запазат традицијата, но во помали количини. Рецептот е добро познат: пиперки, модри патлиџани, масло и сол.

Пиперките „ајварки“  секоја година  со  повисоки цени. Во моментов се продаваат од 25 до до 40 денари.  Земјоделците признаваат дека пиперките се со повисоки цени, но се правдаат дека годинава родот бил помал.

Пресметките покажуваат дека една тегла годинава ќе чини од 70 до 80 денари. До оваа сума се доаѓа кога се ќе собере.

Ако килограм пиперки чини во просек по 25 денари, а дозата е 50 килограми; само за главната состојка се потребни 1.250 денари. На оваа количина пиперки се потребни околу 20 модри патлиџани кои би чинеле 200 денари. За зејтин треба да се одвојат околу 400 денари колку што чинат 4 до 5 литри. Оттука вкупните трошоци достигнуваат околу 1.800 денари. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 25 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини над 70 денари.

Прочитај повеќе