Connect with us

Гевгелија

Формирана Лекарска комисија за остварување на правото за туѓа нега за граѓаните од Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово

Media Press

Published

на

         Во Општина Гевгелија, за првпат е формирана Лекарска комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице. Имено, новоформираната Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод во Гевгелија ќе ги покрива и општините Богданци, Дојран и Валандово.
             Како што истакна и министерот за здравство, Венко Филипче, со формирањето на дополнителната Комисија во Гевгелија, ќе се намали периодот на чекање за гевгеличани, богданчани, валандовчани и дојранчани кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега. И нема повеќе да патуваат во друго место и да бидат изложени на дополнителни трошоци.
              Освен оваа мерка, за да бидат задоволени потребите и навремено разгледани сите поднесени барања на граѓаните, Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на доставената медицинска документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.

прикажи повеќе
Advertisement

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Градоначалникот Сарамандов во посета на првото новородено дете во Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска, ги посети мајката и првото новороденче во Општата болница во Гевгелија. Притоа, на родилката и ги врачи ваучерот од 10.000 денари и други подароци за прво родено бебе во Новата 2022 година, жител на општина Гевгелија.

Сарамандов и ја честита првата рожба на Пепита Спасова, посакувајќи му на бебето здравје, среќа и безгрижно детство. Имено, Општина Гевгелија, во попладневните часови од 1 јануари, 2022 година, го доби новиот жител. Mајката Пепита Спасова од Давидово на свет донесе здраво, машко дете, тешко 3 килограми и 150 грама, а долго 50 цм. Породувањето е извршено во Одделот за гинекологија и акушерство, во ЈЗУ Општата болница со проширена дејност во Гевгелија. Новороденчето е прво дете на брачниот пар Спасови од населеното место Давидово.

Прочитај повеќе