Connect with us

Струмица

Во Струмица нестабилно, короната влезе и во училиштата

Media Press

Published

на

Короната влезе и во струмичките училишта. Еден клас од средно и еден од основно училиште во Струмица се ставени во изолација откако меѓу учениците се појавиле позитивни случаи на коронавирус, соопштија од Центарот за јавно здравје во Струмица, од каде велат дека трансмисијата на вирусот била во самите уличишта и затоа се водат како нови кластери.

,, Имаме дури и два кластери, еден во основно општинско училиште, друг во средно општинско училиште. Прeземени се сите неопходни мерки и се надевам дека во иднина нема да се појавуваат други ученици, меѓутоа ако постои ние по епидемиолошка индикација секако ќе тестираме. Дел од учениците веќе се ставени во домашна изолација, тие се под надзор и се следи нивната здравствена состојба.,, вели епидемиологот Мери Николова Гичева.

Освен во училиштата позитивни случаи се регистрирани и во две  градинки поради што две групи од околу дваесетина деца и неколку вработени се ставени во изолација.

Од центарот за јавно здравје моменталната состојба во струмичкиот регион ја оценуваат како нестабилна бидејќи вирусот и понатаму забрзано се шири и затоа апeлираат до граѓаните на максимално почитување на мерките и пропишаните протоколи.

Струмица

Корисниците од ЈПЕД Струмица-Гас ќе плаќаат огромно високи сметки за греење во Јануари

Media Press

Published

на

Граѓаните на Струмица кои што се греат на гас преку ЈПЕД Струмица-Гас во Јануари ќе имаат драстично повисоки цени за греење. Претпријатието веќе ги извести своите корисници за тоа зголемување. Со природен гас од ЈПЕД Струмица-Гас се загреваат околу 400 корисници на гас. Најголем дел од корисниците, приближно 90% се домакинства, а останатите 10% се јавни институции и стопански субјекти.

Цената на Природниот гас за нормален кубен метар изнесувала 46,5 денари до Декември. Новата цена како што извести претпријатието е зголемена на 80,45 денари за нормален кубен метар.

Од таму известуваат дека Општина Струмица ја субвенционира цената на природниот гас со 10 денари за нормален кубен метар со што би се помогнало на корисниците за намалување на сметките за греење.

Прочитај повеќе

Струмица

Градоначалникот Костадинов на прес конференција информираше за актуелните проекти

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, одржа прес конференција на којашто информираше за дел од проектите кои започнаа во новата 2022 година.

„Со посебно задоволство  го најавувам тригодишниот проект „Strumica – Smart velo city” финансиран од Европската Унија кој содржи иновативно и ефективно решение за проблемите на урбаната мобилност со поттикнување на употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичeн начин на урбана мобилност.  Вкупната вредност на проектот е околу 750.000 евра и ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година“ рече Костадинов.

Тој информираше и за општинската поддршка на Старт-ап бизниси за млади и поддршката за ангажирање на 16 евидентирани невработени лица за вклучување во проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“, а за кои Јавните повици се во тек.

Костадинов објави дека Струмица е првата општина во државата која ќе аплицира за титулата Европски главен град на младите што ја доделува Европскиот младински форум.

Прочитај повеќе

Струмица

Јавен повик на Општина Струмица за пријавување на 20 млади невработени лица за стартување на сопствен бизнис

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов објави Јавен повик за пријавување и вклучување на 20 млади невработени лица во процесот на зајакнување на нивните капцитети заради започнување на свои сопствени бизниси во 2022 година.

Целта на оваа буџетска поддршка е да се поттикнат и охрабрат младите невработени лица да се вклучат во процесот за да изградат соодветни лични капацитети за развивање на своите бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови со кои ќе може да започнат свои бизниси.

 Со тоа добиваат можност за користење на општинска финансиска поддршка и воедно да се оспособат за аплицирање и користење на мерките на Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување, подрачна единица во Струмица.

Јавниот повик за пријавување е во тек и ќе трае до 20 јануари, а повеќе информации на официјалната веб страница на општина Струмица strumica.gov.mk

Од вкупниот број пријавени млади невработени лица на Јавниот повик, 20 избрани кандидати ќе бидат вклучени во процесот од кои најдобрите 5 ќе добијат по 60.000 денари за стартување на бизнис.

Прочитај повеќе