Радовиш
Започна новата учебна година, првачињата во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш беа пречекани со пригодна програма
Published
3 години agoна
By
Media PressДенеска е 1 септември прв училишен ден од новата учебан година, која започнува со физичко присуство на учениците во услови на пандемија.
Со пригодна програма за топол пречек на првачињата започна новата учебна година во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.
Првачињата ја следеа програмата и со нетрпение очекуваа да седнат за прв пат на училишното столче. Срдечно добредојде им посака директорката на училиштето Лујза Спасова.
Поврзани содржини
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Ристов: Старата Стоковна куќа во Радовиш добива ново име и нова функција
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Радовишките крводарители пример за хуманост и солидарност
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Спортската сала во Радовиш доби нов ЛЕД екран, за повеќе намени
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
4 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.