Со пригодна свеченост рудниците Бучим и Боров Дол и годинава го одбележаа Денот на ридарите
Со пригодна свеченост рудниците Бучим и Боров Дол и годинава го одбележаа Денот на ридарите, 28 август. Во услови на пандемија одбележувањето беше скромно со доделување на признанија, статуетки и повисока парична награда на најдобрите рудари помеѓу двата рударски празника, од двата рудника Бучим и Боров Дол.
На свеченоста која се одржа на отворено во новиот рудник Боров Дол согласно предвидените Протоколи и прпораки на комисијата за здравство, свое обраќање имаа генералниот директор на Боров Дол, Павло Кривинскиј и генералниот директор на Бучим Олег Чусовитин, кои притоа го потенцираа значењето на рударите и рударската дејност.
За значењето на Рудникот Боров Дол
за вработените и воопшто за развој на економијата во трите општини Радовиш, Конче и
Штип свој став даде и долгогодишниот управител на рудникот Бучим, Николајчо
Николов кој вложи големи напори за отварање на новото рудно тело Боров Дол.
Николов спомна и на кој начин може да се реши проблемот со концесијата со кој се соочува Општина Радовиш, а на чија територија е хидројаловиштето.
Колку новиот рудник Боров Дол е значаен за Општина Радовиш а сега и за Општина Конче и воопшто за економијата во државата, потенцира и некогашниот прв човек на рудникот Бучим, а сега сопственик на компанијата Адора Инженеринг проф. Д-р Ванчо Чифлиганец.
На свеченост по повод денот на рударите беа присутни и градоначлникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, градоначалникот на Општина Штип Сашко Николов и останати поканети гости и рудари.
За жал поради пандемијата со Ковид -19 и годинава не беше организирана традиционалната рударска вечер, на која рударите беа навиканти.