Радовиш

Сеуште се собираат потписи за единствениот независен кандидат за градоначалник на Општина Радовиш

  Заклучно со 26 август 2021 година, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК собрани се потписите за 39 кандидати и групи избирачи, продолжува собирањето за уште 45.

Горан Поцев, е единствениот кандидат за градоначалник на општина Радовиш, за кој тече собирањето на потписи во подрачното оделение на ДИК, како и за Група избирачи Александа Илиев Трајанова, листа на кандидати за членови на совет на општина Радовиш.

„Ја објавувам мојата кандидатура за Градоначалник на Општина Радовиш со Cвоја листа на советници составена од млади , преспективни луѓе, луѓе кој вистински сакаат подобар Радовиш“, напоша Поцев во својата објава на социјалните мрежи.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот.

На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот.

Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август, кога ќе се знае дали Поцев ќе го собере потребниот број потписи. Инаку според Правилникот, во општината од 10 001 до 30 000 жители каде што припаѓа и Радовиш, потребни се најмалку 150 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago