Connect with us

Радовиш

Независниот кандидат Горан Поцев влегува во трка за градоначалник на Општина Радовиш, ги собра потребните потписи

Media Press

Published

на

Заклучно со 28 август, до 21 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписи ги собрале 21 кандидати за градоначалници а за 15 продолжува собирањето.

Меѓу кандидатите за градоначалници кои собрале потиси е и Горан Поцев, кандидат за градоначалник на Општина Радовиш. Поцев беше член на советот на Општина Радовиш во изминатите 4 години од независна советничка листа.

Во општините од Југоистокот потписи собрал и  Глигор Петков, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија.

Собирањето на потписи продолжува за уште двајца кандидати кандидати за градоначалници во општинит во регионот:

 Иљо Ангов, кандидат за градоначалник на општина Василево и Ристо Џаков, кандидат за градоначалник на општина Богданци,

Заклучно со 29 август, до 21 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите за листи на кандидати за членови на совет на општините од Југоистокот ги собрале и Група избирачи Алексанрда Илиев Трајанова, листа на кандидати за членови на совет на општина Радовиш. како и Група избирачи Томе Ќичуков, листа на кандидати за членови на совет на општина Гевгелија.

Продолжува собирањето на потписи за листи на кандидати за членови на совет на општините во Струмица, Босилово, Богданци и Ново Село.

Во Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК собирањето на потписи ќе трае заклучно до денеска, 30 август до полноќ.

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува

Media Press

Published

на

На плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ продолжува програмата Радовиш „Светол Град“ во органзизација на ЦК „Ацо Караманов“. Свој настап имаа Распеани Радовишани и неколку Фолклорни ансамбли. ФА Ацо Караманов од Радовиш, ФА Бучим од Радовиш, ФА Подарешани млади од С. Подаеш и ФА Сушевски бисери од с. Сушево.

Новогодишниот фестивал „Светол Град“ во Радовиш е под покровителство на Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Планиран прекин на водоснабдувањето во втората урбана заедница

Media Press

Published

на

Подари замена на линиски вентил, ЈП Плаваја ќе го прекине водоснабдувањето во втората урбана заедница во Радовиш.

Планирано е прекин на водоснабдувањето на 21 Декември од 08:00 до 12:00 часот

Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да си обезбедат доволни количини вода за пиење и потреби.

Прочитај повеќе