Радовиш
ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ, ќе биде одбележан скромно, со наградување на најдобрите рудари
Објавено на
Од
Media Press
Во сабота, на 28 август, на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, рударите од двата рудника Бучим и Боров Дол, пригодно ќе го одбележат својот ден. Во услови на пандемија одбележувањето ќе биде скромно, без големи собири и големи говори за оствареното помеѓу двата рударски празника.
Во рудниците за бакар Бучим, Општина Радовиш и Боров Дол кој зафаќа територија на три општини-Конче, Штип и Радовиш, во сабота во 19 часот на отворено ќе има пригодна свеченост на која директорот Павло Кривинскиј ќе им ги предаде признанијата на најдобрите рудари помеѓу двата рударски празника кои ќе добијат статуетки и повисока парична награда. Парична награда ќе добијат и сите останати вработени во Бучим и во Боров Дол. На свеченоста ќе бидат присутни и градоначалниците на Конче – Благој Илиев, на Штип – Сашко Николов и на Радовиш – Герасим Конзулов.
Пригодната свеченост ќе се одржи на отворено во новиот рудник Боров Дол согласно предвидените Протоколи и прпораки на комисијата за здравство.
Ова е втора година по ред како не се организира традиционалната рударска вечер, на која рударите беа навиканти и со нетрпение ја очкуваа.
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!


