Connect with us

Радовиш

Ристов: Време е да се обединиме за заедничка иднина во Радовиш

Media Press

Објавено на

За претстојните локални избори како кандидат за градоначалник на општина Радовиш, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи познатиот бизнисмен Ацо Ристов, додека за носител на советничката листа е д-р Моника Ристевска.

„Пред нас се новите и најважни локални избори во Радовиш. Избори, на кои ќе се одлучува дали Радовиш ќе се движи во вистинска насока како развиен, напреден, добро уреден, убав и Европски град“, порача кандидатот за градоначалник Ацо Ристов.

Ацо Ристов е дипломиранелектро инжинер, експерт во областа на енергетиката и елекрто инжинерството, со повеќе од 30 годишно искуство допринесува за развој на многу бројни иновативни и одржливи проекти во Македонија и странство.

Сопственик е на компанијата Алфа инженеринг која веќе постои повеќе од 20 години, како и на Хотел Бел Камен, кој се наоѓа на планината Плачковица.

Носител на советничката листата на ВМРО-ДПМНЕ, во Радовиш е д-р. Моника Ристова, која беше дел од Советот на Општина Радовиш во изминатите четири години.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе