Радовиш

Расте бројот на нови случаи на Ковид -19 во Радовиш но расте и интерсот за вакцина и кај жителите од турска националност

Расте бројот на нови случаи на Ковид -19 во Радовиш но расте и интерсот за вакцина. Се повеќе граѓани покажуваат интерес за вакцинација a при денешната посета на вакциналниот пинкт во Здравствениот дом во Радовиш забалажавме дека се поголем број  жители од турските населени места покажуваат интерес за вакцина. Тие велат дека во нивните  населени места нема забалжано заболени од Ковид 19, но покажуваат одговорност и ги почитуваат препораките да се вакцинираат.

Инаку како што дознаваме од Здравствениот дом во Радовиш, дневно се вакцинираат по околу 200 до 250 лица. Моментално се вакцинира со Астра Зенека и со Синовак.

Како што информира Министерството за здравство вчера вкупно се вакцинирале 11.883 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.625 граѓани.

51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.

26% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина. Вкупно во државата вакцинирани со две дози се 516.797 граѓани.

Инаку според последните податоци во Радовиш има околу 80 активни случаи на Ковид – 19 и тој број секојдневно се менува.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago