Радовиш

ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ, ќе биде одбележан скромно, со наградување на најдобрите рудари

Во сабота, на 28 август, на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, рударите од двата рудника Бучим и Боров Дол, пригодно ќе го одбележат својот ден. Во услови на пандемија одбележувањето ќе биде скромно, без големи собири и големи говори за оствареното помеѓу двата рударски празника.

Во рудниците за бакар Бучим, Општина Радовиш и Боров Дол кој зафаќа територија на три општини-Конче, Штип и Радовиш, во сабота во 19 часот на отворено ќе има пригодна свеченост  на која директорот Павло Кривинскиј ќе им ги предаде признанијата на најдобрите рудари помеѓу двата рударски празника кои ќе добијат статуетки и повисока парична награда. Парична награда ќе добијат и сите останати вработени во Бучим и во Боров Дол. На свеченоста ќе бидат присутни и градоначалниците на Конче – Благој Илиев, на Штип – Сашко Николов и на Радовиш – Герасим Конзулов.

Пригодната свеченост ќе се одржи на отворено во новиот рудник Боров Дол согласно предвидените Протоколи и прпораки на комисијата за здравство.

Ова е втора година по ред како не се организира традиционалната рударска вечер, на која рударите беа навиканти и со нетрпение ја очкуваа.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago