Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол се погрижија за непрекинато снабдување со питка вода на населението во селата Бучим и Тополница

Рудниците Бучим и Боров Дол се погрижија за непрекинато снабдување со питка вода на населението во соседните села Бучим и Тополница во Општина Радовиш. 

На жителите им е овозможено достапност на исправна и чиста вода за пиење, со тоа што и во двете села се доставува питка вода од цистерна. Со овој чекор, се олесни потешкотијата на селаните коишто секојдневно патуваа до Радовиш, за да дојдат до чиста вода.  

Снабдувањето на населението со питка вода и решавањето на недостигот на вода за пиење во селата Бучим и Тополница e приоритетен сегмент во програмата за одржлив развој на рудниците. Во таа насока, рудниците посветено делуваат за надминување на овој проблем, а во меѓувреме, обезбедена е секојдневна дистрибуција на питка вода до населението и на двете села. 

Започнати се истражувања за пронаоѓање на извори на вода, која што е погодна за пиење, за кои што рудникот Бучим одвои 50.000 евра и во скоро време Општина Радовиш ќе  може да започне со реализација на проектот за изградба на водоводна мрежа за снабдување со вода за населените места Бучим и Тополница. Со ова ќе биде решен проблемот со недостаток на вода за населението од овие села и сите домаќинства ќе имаат пристап до безбедна и достапна вода за пиење.  

“Работиме на решавање на проблемот на жителите на селата Бучим и Тополница, кои што немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење. Деценискиот проблем на жителите на селата Тополница и Бучим, се предвидува во скоро време да биде перманентно решен, со тоа што ќе се постави водоводен систем и ќе имаат достап до здравствено исправна и чиста вода за пиење. Во тек се истражувања за пронаоѓање на питка вода и се обидуваме да го обезбедиме тоа на најдобар начин, за да можат соседните села да имаат стабилизирано снабдување со чиста вода,” додаде Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Снабдувањето на населението со питка вода започна од пред десетина дена и ќе трае се додека има потреба.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago