Македонија

Расте бројот на бегалци од Авганистан кои ќе пристигнат во Македонија, според последната одлука ќе пристигнат 780 бегалци

Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Најпрво во Македонија требаше да пистигнат 185 бегалци од Авганистан, за потоа таа бројка да се искчи на 250. За неколку дена беше соопштено дека ќе бидат прифатени 450 граѓани на Авганистан. Последната бројка беше 650 бегалци, а денеска е соопштено дека Македонија ќе прими 780 бегалци од Авганистан.

„Според последните податоци, бидејќи бројките се сменија од вчера, 780 граѓани на Авганистан се на списокот. Ова е според барањето на меѓународните организации кои стигнуваат до Владата. Стигнуваат 780 граѓани, за толку Владата презема обврска да обезбеди сместување, да ги згрижи и да помогне полесно да го поминат овој период тука од 90 дена“ соопшти владиниот портпарол Арсовски. 

Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago