Connect with us

Регион

Во Струмица се регистрирани 55, а во Радовиш 15 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Media Press

Published

на

Нови 1210 случаи на КОВИД-19 од 7084 тестирања  се регистрирани во изминатите 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Починале 32 пациенти на возраст од 32 до 79 години, а оздравени се 451.

Според податоците од Министерството за здравство, расте бројот на нови случаи и во општините во Југоистокот.  Во Струмица вчера се регистиринаи 55 нови случаи, Радовиш – 15,  Гевгелија -13 нови случаи, Валандово и Богданци по четворица.

Од 32 пријавени починати лица, триесет и еден се починати во болница, а едно лице е починато во домашни услови.

Епидемиолошка анализа на број на заболени и на активни случаи по градови во Југоистокот е следниот:

Струмица 4814, Активни 554

Гевгелија 2253, Активни 55

Радовиш 1262, Активни 73

Валандово 720, Активни 33

Богданци 516, Активни 22

Дојран 134, Активни 1

Регион

Кампања на СВР Струмица: „Не користи петарди и пиротехнички средства“

Media Press

Published

на

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица преку реализирање на повеќе активности ја спроведе кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“, промовирана од страна на Министерството за внатрешни работи.


Од страна на полициски службеници се спроведени едукативни предавања со ученици од осмо и деветто одделение во сите основни училишта на подрачјата на општините Струмица, Василево, Ново Село и Босилово, сѐ со цел подигање на свеста кај младата популација за можната опасност и последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства, која е посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници, информираат од СВР Струмица.
Покрај ова, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово се поделени 700 флаери со пораки за превенирање на ризиците од користење на пиротехнички средства, а воедно се наведени и казнените одредби за употреба на петарди и други пиротехнички средства.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани, а пред сѐ до младата популација да не употребуваат петарди и пиротехнички средства, да го заштитат својот живот и животот на останатите, а доколку се констатираат такви случаи истите ќе бидат соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Преземени мерки на СВР Струмица за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол

Media Press

Published

на

На 26.12.2021 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица биле преземени мерки за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, кај тројца возачи (2 во Гевгелија и 1 во Радовиш) било утврдено присуство на алкохол и на истите им биле изречени соодветни санкции.

Прочитај повеќе

Регион

Делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим

Media Press

Published

на

Градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени, со што се комплетира изградбата на експресниот пат од  Штип до Радовиш.  Од вчера делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.

Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во две фази и тоа првата фаза од Штип до Бучим која е во должина од 23,5 километри и вредност од 48 милиони евра, додека втората фаза, делницата Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш е со должина од 17 километри и инвестиција од 14,9 милион евра. 

“Веќе најавив дека завршувањето на овој експресен пат се случува четири месеци пред рокот. Драго ми е што и во текот на овој месец декември се уште гледаме механизација на терен, се уште се асфалтира а тоа значи дека и капиталните инвестиции во државата растат. И вториот аспект што сакам да нагласам е дека се реконструира и асфалтира и помошниот пат на излезот од Штип за да го вратиме во првобитната состојба. На барање на жителите на Три чешми,  одговоривме позитивно и заедно со тимот инжењери од ЈП за државни патишта, од Министерството и од Изведувачот и Надзорот веќе го градиме ислучувањето, така да имаме едно модерен и безбеден патен правец”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Прочитај повеќе