Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо лек против корона, народот доби скапа реклама. Реагираат и од СДСМ

Media Press

Published

на

300 илјади евра чини кампањата на Заев и Филипче протов корона. Наместо лек против корона, народот доби реклами, обвини ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното промовирање на кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се“ од страна на премиерот Зоран Заев и Министерот за здравство Венко Филипче.

„Сега преку кампањата за подигање на јавна свест за вакцинација против корона која чини 300 илјади евра одат во спроведување на својот следен коруптивно-криминален план. Поточно тоа тие го нарекуваат како „јавна набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за успешна вакцинација и заштита на населението од КОВИД -19“, велат од ВМРО -ДПМНЕ.

Од СДСМ со реакција: „Сите вакцини се безбедни по здравјето, сите вакцини го подигаат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања од вирусот. Истовремено, Упатуваме повик и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски.

Наместо да прават евалуација на кампањата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат. Наместо да поддржуваат протести против вакцинација, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски барем еднаш да покажат одговорност и да ги повикаат членовите на партијата и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита“ велат од СДСМ.

Македонија

Наши државјани ќе може да влезат во Бугарија со ковид-потврда и негативен тест

Media Press

Published

на

По интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на македонски државјани, информираат од Министерството за надворешни работи.

„Со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест“, стои во соопштението од МНР.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Прочитај повеќе

Македонија

Со високи државни и воени почести пред Владата, пречекан бугарскиот премиер

Media Press

Published

на

Бугарскиот премиер Кирил Петков утринава беше пречекан со високи државни и воени почести пред Владата, придружуван од домаќинот, македонскиот премиер Димитар Ковачевски. По пречекот, двајцата имаат средба во Владата, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 11.45 часот.

Со Петков се дојдени потпретседателот на бугарското Народно Собрание Кристиан Вигенин, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт и врски Николај Сабев.

Како што информираат од Владата, премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе одржат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Во Владата одделни средби се одржуваат и меѓу заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Прочитај повеќе

Македонија

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари

Media Press

Published

на

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб

Македонската Влада синоќа донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи. Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот, вчера ја одржа првата седница.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.

Како што соопштија од Владата, одлуката нема да влијае на крајот на учебната година и со адаптација на наставните планови таа ќе заврши на 10 јуни како што е и предвидено во календарот за наставна програма.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Прочитај повеќе