Connect with us

Македонија

Забрзано расте бројот на нови случаи, Струмица е прва општина во Југоистокот со 561 активни на Ковид-19

Media Press

Published

на

Последните податоци регистрираа 882 нови случаи на КОВИД-19, од вкупно направени 6.591 тестирање, а починати се 14 лица кои се на возраст од 49 до 84 години.
Скопје и Тетово се со најголем број новозаразени од Ковид – 19, а паралелно се зголемува бројот на оздравени и вакцинирани граѓани.
Бројот на активни случаи изнесува 11.106, од кои речиси две третини се во три града – Скопје 3.693, Тетово 1855 и Гостивар 1513. Според статистиката на МЗ, во моментов нема град во земјава без активни случаи на КОВИД-19.
Денеска продолжува вакцинацијата во здравствените домови. Министерот за здравство Венко Филипче викендот најави дека поради зголемениот интерес за вакцинирање, од среда или четврток оваа недела повторно ќе биде отворен пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, но во малата сала.
Досега има над 650 илјади граѓани кои примиле барем една доза вакцина, а бројот на ревакцинирани достигна половина милион.
Расте бројот на активни случаи и во Југоистокот а Струмица е водечка општина со вкупно досега дијагностицирани 4750 и активни 561 случаи.
Радовиш 1246, Активни 66
Гевгелија 2240, Активни 43
Валандово 716, Активни 35
Богданци 512, Активни 18
Дојран 134, Активни 2
Досега во земјата починаа 5.668 лица, до вкупно дијагностицираните 168.872 ковид-позитивни.

Македонија

Наши државјани ќе може да влезат во Бугарија со ковид-потврда и негативен тест

Media Press

Published

на

По интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на македонски државјани, информираат од Министерството за надворешни работи.

„Со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест“, стои во соопштението од МНР.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Прочитај повеќе

Македонија

Со високи државни и воени почести пред Владата, пречекан бугарскиот премиер

Media Press

Published

на

Бугарскиот премиер Кирил Петков утринава беше пречекан со високи државни и воени почести пред Владата, придружуван од домаќинот, македонскиот премиер Димитар Ковачевски. По пречекот, двајцата имаат средба во Владата, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 11.45 часот.

Со Петков се дојдени потпретседателот на бугарското Народно Собрание Кристиан Вигенин, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт и врски Николај Сабев.

Како што информираат од Владата, премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе одржат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Во Владата одделни средби се одржуваат и меѓу заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Прочитај повеќе

Македонија

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари

Media Press

Published

на

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб

Македонската Влада синоќа донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи. Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот, вчера ја одржа првата седница.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.

Како што соопштија од Владата, одлуката нема да влијае на крајот на учебната година и со адаптација на наставните планови таа ќе заврши на 10 јуни како што е и предвидено во календарот за наставна програма.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Прочитај повеќе