Connect with us

Македонија

Од денеска започна издавањето на лични карти со новото име на државата

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи од денеска започнува со издавање лични карти за граѓани со новото уставно име на државата Република Северна Македонија.

Издавањето лични карти со новото име на државата, кое речиси два месеци е блокирано со бројни амандмани на опозицијата, поради што сѐ уште не се донесени измените на законот за лични документи, беше овозможено од Владата со донесување на подзаконски акти.

Повеќе од 40.000 граѓани не можеа да добијат лични карти поради блокадата на измените на законот, бидејќи на 1 јули, Министерството за внатрешни работи се префрли на софтвер со ново државно име, кој се користи и за пасоши и други лични документи за што навреме беа донесени нови закони.

Опозициската партија Левица го блокираше Предлогот за изменување и дополнување на Законот за лични карти со 1.500 амандмани, незадоволна бидејќи предложените измени, покрај новото име на државата и можноста за печатење на мајчин јазик за припадниците на етничките заедници, предвидуваат документот да наведува и етничко потекло, што според нив е спротивно на европските стандарди.

Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија на 12 февруари 2019 година со Договорот од Преспа со Грција за решавање на повеќедеценискиот спор за името на државата.  

За ова беша одржан и референдум на кој немаше доволен број излезеност и кој според ДИК беше неуспешен. Но постапката  за промена на уставното име со договорот од Преспа, се заврши во Собрание.  

Старите лични карти со натпис Република Македонија, на кои не им е истечен рокот, ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Македонија

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Media Press

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес- конференција најави дека една од мерките која речиси сигурно ќе биде предложена во октомври е барањето сертификат за целосна имунизација, односно примени две дози вакцина, за влез во угостителски објекти или институции каде сега е дозволен со една примена доза.

„Мерка која сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро да прерасне со потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, рече Филипче, додавајќи дека на граѓаните ќе им се остават 2-3 недели за вакцинирање.

Според податоците што ги изнесе Филипче, над 90 отсто од починатите биле невакцинирани, а од вкупниот број новодијагностицирани од 6 до 16 септември 21 отсто биле вакцинирани, а 79 немале примено вакцина. Тој повторно ги повика граѓаните да се вакцинираат, како суштинска опција за излез од кризата.

Прочитај повеќе

Македонија

До вчера се попишани вкупно 800 008 лица

Media Press

Published

на

Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Како што информираат од ДЗС досега попишувањето тече во најдобар ред и граѓаните одговорно пристапуваат кон оваа статистичка операција.

Прочитај повеќе

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе