Радовиш
Дневно се вакцинираат по 200 до 250 лица во Радовиш, но расте и бројот на нови случаи
Објавено на
Од
Media PressГолем интерес за вакцина во Радовиш. Како што дознаваме од директорката на Здравствениот дом во Радовиш, д-р Лимонка Илиевска, дневно се вакцинираат по околу 200 до 250 лица. Имунизација се врши во Здравствениот дом и на терен, со вакцините Фајзер, Синовак и Астра Зенека. Инаку, бројот на нови случаи во Радовиш забрзано расте. Само во последните пет дена регистрирани се 32 нови случаи на Ковид-19. Повторно е ставена во функција и ковид -амбулантата за потребите на болните.
Инаку вчера вкупно биле вакцинирале 16.955 граѓани, од кои прва доза вакцина примиле 11.925 граѓани.
За да се потикне процесот на вакцинација и да се намали ширењето на корона вирусот, Владата воведе и драстични мерки кои ги погодија посебно угостителите. За влез во угостителски објект, во казино, обложувалници и молови, задолжително е потврда или сертификат за примена вакцина, негативен тест или потврда за прележан Ковид, не постара од 45 дена од денот на оздравувањето.
Од 1 септември за влез и за излез во државата исто така ќе биде потребно приложување на еден од наведените документите.
Граѓаните коментираат дека мерките се закаснети, посебно оние за влез и за излез од државата. Бидејќи како што велат странците веќе си заминуваат, додека во текот на целиот летен период тие слободно влегуваа во државата, организираа прослави и свадбени свечености, а сега последиците ги сносуваат граѓаните кои остануваат во земјата.
Поврзани содржини

Бесплатна вакцинација за сезонски грип во Домот за стари лица во Радовиш

Утре во Радовиш бесплатна акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ по повод Светскиот ден на здравјето

Голем интерес за трета вакцина во Гевгелија

Трета доза вакцина примиле 181 граѓани

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Со две дози вакцина се вакцинирале околу 603.000 граѓани во државата
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

