Connect with us

Македонија

Додека се реши проблемот со личните карти, банките ќе прифаќаат важечки пасош и потврдата од МВР

Media Press

Published

на

.

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта.

„По добиеното мислење известуваме за следното: Согласно со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како документ за идентификација на банкарските клиенти, покрај личната карта може да биде земена предвид и патната исправа (пасош). Оттука, граѓаните коишто имаат важечка патна исправа (пасош), а немаат важечка лична карта, услугите и производите од својата банка / штедилница може да ги користат со приложување на важечката патна исправа“, објаснуваат банкарите.

Притоа, како што велат, се имаат предвид и законските одредби, согласно со кои важноста на одредени патни исправи се продолжува до 31.12.2021 година.

„Во случаите кога граѓанинот – постоечки клиент на банка/штедилница не поседува ниту валидна патна исправа – пасош или патна исправа со важност продолжена до 31.12.2021 година, ниту валидна лична карта, за користење на услугите и производите на банката/штедилницата на којашто е клиент, ќе може својот идентитет да го потврди врз основ на увид во матичниот број на граѓанинот наведен во потврдата издадена од Министерството за внатрешни работи дека е поднесено барање за издавање на нова лична карта и дека постапката за издавање е во тек. Конкретно, станува збор за потврдата којашто редовно се издава при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта“, објаснуваат од МБА.

Македонската банкарска асоцијација известува дека сите банки и штедилници веднаш започнуваат да го применуваат ваквиот начин на идентификување. Ова е за клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта. На тој начин се овозможува непречено користење на своите услуги и производи.

„Истовремено ја известуваме јавноста дека согласно со добиеното мислење од Управата за финансиско разузнавање, банките и штедилниците се должни за клиентите коишто во моментот немаат ниту валидна лична карта ниту валидна патна исправа, во најкус можен рок од моментот на добивањето на важечка лична карта или патна исправа, да направат ажурирање на документите и податоците за клиентот. Оттука, клиентите коишто во моментот немаат ниту важечка лична карта ниту важечка патна исправа (пасош), по добивањето на нов документ треба да ја контактираат својата банка / штедилница, со цел навремено ажурирање на податоците“, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

Македонија

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Media Press

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес- конференција најави дека една од мерките која речиси сигурно ќе биде предложена во октомври е барањето сертификат за целосна имунизација, односно примени две дози вакцина, за влез во угостителски објекти или институции каде сега е дозволен со една примена доза.

„Мерка која сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро да прерасне со потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, рече Филипче, додавајќи дека на граѓаните ќе им се остават 2-3 недели за вакцинирање.

Според податоците што ги изнесе Филипче, над 90 отсто од починатите биле невакцинирани, а од вкупниот број новодијагностицирани од 6 до 16 септември 21 отсто биле вакцинирани, а 79 немале примено вакцина. Тој повторно ги повика граѓаните да се вакцинираат, како суштинска опција за излез од кризата.

Прочитај повеќе

Македонија

До вчера се попишани вкупно 800 008 лица

Media Press

Published

на

Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Како што информираат од ДЗС досега попишувањето тече во најдобар ред и граѓаните одговорно пристапуваат кон оваа статистичка операција.

Прочитај повеќе

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе