Радовиш

Општина Радовиш и храмот Света Троица, скромно само со духовен дел ќе го одбележат празникот на градот, Свети Спaсо Радовишки

Традиционално и оваа година, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, ќе биде одбележано чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.

Согласно протоколите и препораките од комисијата за заразни болести при министерството за здравство и центарот за јавно здравје, и годинава  чествувањето ќе биде организирано само со духовен односно црковент дел и со превземање на сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.

За годинава кога заштитникот на градот Радовиш се празнува по 13 пат поради пандемијата со Ковид 19 е предвидена скромна Програма:

Утре 20 август – Петок е предвидено е во 18:00 час. Вечерна богослужба во Храм „СВ.ТРОИЦА“, веднаш потоа во 19:30 час. Молебен пред Параклисот „Св.Спасо Радовишки“.

На 21 август  во Сабота во 08:00 час. ќе се одржи Света литургија во Храм „СВ.ТРОИЦА“ и Славски колач. Спасителот Спасо кој  по потекло е од радовишко го загубил животот во тешки маки во 1794 година бранејќи ја Христивата вера,  по што малку подоцна е прогласен за светец поради неговата голема љубов и пожртвуваност кон господ Исус Хростос.

За одбележување на празникот секоја година црковниот храм Света Троица и Општина Радовиш на 20 и 21 август предвидуваат богата духовна и музичка програма.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago