Радовиш
Општина Радовиш и храмот Света Троица, скромно само со духовен дел ќе го одбележат празникот на градот, Свети Спaсо Радовишки
Објавено на
Од
Media Press
Традиционално и оваа година, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, ќе биде одбележано чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.
Согласно протоколите и препораките од комисијата за заразни болести при министерството за здравство и центарот за јавно здравје, и годинава чествувањето ќе биде организирано само со духовен односно црковент дел и со превземање на сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.
За годинава кога заштитникот на градот Радовиш се празнува по 13 пат поради пандемијата со Ковид 19 е предвидена скромна Програма:
Утре 20 август – Петок е предвидено е во 18:00 час. Вечерна богослужба во Храм „СВ.ТРОИЦА“, веднаш потоа во 19:30 час. Молебен пред Параклисот „Св.Спасо Радовишки“.
На 21 август во Сабота во 08:00 час. ќе се одржи Света литургија во Храм „СВ.ТРОИЦА“ и Славски колач. Спасителот Спасо кој по потекло е од радовишко го загубил животот во тешки маки во 1794 година бранејќи ја Христивата вера, по што малку подоцна е прогласен за светец поради неговата голема љубов и пожртвуваност кон господ Исус Хростос.
За одбележување на празникот секоја година црковниот храм Света Троица и Општина Радовиш на 20 и 21 август предвидуваат богата духовна и музичка програма.
Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

