Connect with us

Uncategorized

Повреден пешак на булеварот во Радовиш, во него удрил автомобил

Media Press

Published

на

Синоќа околу 20.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувно од М.М.(33) од Радовиш, удрило во пешакот Ц.Г.(53) од село Ораовица, радовишко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Uncategorized

Димовски: Нема да може да се злоупотребуваат неделите од страна на работодавачите

Media Press

Published

на

Според сегашниот Закон за работни односи, во неделата мора да има еден ден на неделен одмор, но тоа не мора да биде недела. Ако се работи во недела, ниту според законот, ниту според колектовните договори, следува додаток на дневница.

Токму ваквото законско решение досега им овозможуваше на работодавачите да ја третираат неделата како обичен работен ден, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Но, оттаму уверуваат дека новата регулатива, на која инсистираат, ќе стави крај на злоупотребите на неделите, односно неделата ќе биде неработен ден за сите, освен за строго дефинирани дејности и тоа со дополнително плаќање.

На средбите со Владата и со работодавачите инсистираме точно да се знае во кои дејности ќе може да се работи во недела. Сега се договоривме за 34 дејности и тие треба да влезат во законската регулатива. На тој начин, треба да се оневозможат злоупотребите од страна на работодавачите, односно да се работи само во оние дејности каде што навистина производниот процес, или пак, потребите на општеството, тоа го бараат како неопходност. Но и дури да е неопходна работата во неделите, таа мора дополнително да биде платена“ – изјави Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Прочитај повеќе

Uncategorized

Нема промена на цените на горивата на бензинските станици

Media Press

Published

на

На последната седница на Регулаторната комисијата за енергетика е донесена одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), да не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 21.12.2020 година.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 60,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 62,50 денари за литар. Исто така малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се променува и останува 53,00 денари за литар.

Промени во малородажната цена има на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и Мазутот М-1 НС. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари за литар, и ќе изнесува 52,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 денари за килограм и ќе се продава по 28,701 денари за килограм.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9568,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9870,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)60,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)59,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС35,243 (денари/килограм)

Прочитај повеќе