Новите рестриктивни мерки ги почувствуваа и угостителите и гостите, кафе-баровите во Радовиш речиси празни
Новите рестриктивни мерки според кои во
угостителските објекти и на настани ќе може да влезат граѓаните кои се
имунизирани, и оние кои ја прележале болеста во изминатите 45 дена, речиси ги испразнија
кафе баровите во Радовиш.
Потребно е да има редарска служба за контрола на приложување доказ при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.
Во Радовиш некои веќе ја почувствувале новата мерка и биле вратени од кафе
бар, а некои пак ја оправдуваат мерката.
„Да, штотуку сакав да свратам во едн кафич, несакам да го именувам, па ни побараа ковид -сертификат или ковид- тест, меѓутао јас досега немав прилика да се вакцинирам, но сега кога ќе се вратам дома ќе се вакцинирам поради својата работа и поради својата безбедност“, вели гостинка од Белград која е во посета на Радовиш.
Таа вели дека последните две години се забележуваат и промени во Општина
Радовиш, се повеќе се иселуваат луѓето.
„Јас живеам во Блеград со сопругот и со децата, мојот
сопруг е од Воиславци и често доаѓаме во Радовиш изминатите 10 години и до пред
две години се некако како да се движеше напред, меѓутоа последните две години
гледам како да е некако застанато. Кога беше славата за Илинден, селото стана
малку урбано затоа што луѓето од странство дојдоа и оживеа селото. Но потоа за жал
тие мораа да се вратат во странство каде се заминати по подобра егзистенција и
пак селото стана тихо и мирно“, вели нашата соговорничка.
Некои од сопствениците на кафе баровите во Радовиш велат дека мерката е неспроведлива и дека тие немаат право да ги контролираат граѓаните. Велат дека мерката ќе треба да се укине, бидејќи ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани.
За граѓаните кои немаат сертификат или потврда, предвидени се и парични казни од 250 евра, за правно лице од 2.500 до 30.000 евра во зависност од големината на објектот, а за одговорното лице 1.500 евра.
Останува забраната за
работа во затворениот дел од објектот за ноќните клубови (дискотеки), кабареа,
барови . Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот на
просторот и ограничен број на посетители.
Хотелите остануваат да
работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во
затворен простор, без потврда за имунизација.