Connect with us

Радовиш

Новите рестриктивни мерки ги почувствуваа и угостителите и гостите, кафе-баровите во Радовиш речиси празни

Avatar

Published

на

Новите рестриктивни мерки според кои во угостителските објекти и на настани ќе може да влезат граѓаните кои се имунизирани, и оние кои ја прележале болеста во изминатите 45 дена, речиси ги испразнија кафе баровите во Радовиш.

Потребно е да има редарска служба за контрола на приложување доказ при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.

Во Радовиш некои веќе ја почувствувале новата мерка и биле вратени од кафе бар, а некои пак ја оправдуваат мерката.

„Да, штотуку сакав да свратам во едн кафич,  несакам да го именувам, па ни побараа ковид -сертификат или ковид- тест, меѓутао јас досега немав прилика да се вакцинирам, но сега кога ќе се вратам дома ќе се вакцинирам поради својата работа и поради својата безбедност“, вели гостинка од Белград која е во посета на Радовиш.

Таа вели дека последните две години се забележуваат и промени во Општина Радовиш, се повеќе се иселуваат луѓето.

„Јас живеам во Блеград со сопругот и со децата, мојот сопруг е од Воиславци и често доаѓаме во Радовиш изминатите 10 години и до пред две години се некако како да се движеше напред, меѓутоа последните две години гледам како да е некако застанато. Кога беше славата за Илинден, селото стана малку урбано затоа што луѓето од странство дојдоа и оживеа селото. Но потоа за жал тие мораа да се вратат во странство каде се заминати по подобра егзистенција и пак селото стана тихо и мирно“, вели нашата соговорничка.

Некои од сопствениците на кафе баровите во Радовиш велат дека мерката е неспроведлива и дека тие немаат право да ги контролираат граѓаните. Велат дека мерката ќе треба да се укине, бидејќи ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани.

За граѓаните кои немаат сертификат или потврда, предвидени се и парични казни од 250 евра, за правно лице од 2.500 до 30.000 евра во зависност од големината на објектот, а за одговорното лице 1.500 евра.

Останува забраната за работа во затворениот дел од објектот за ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови . Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители.

Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе