Connect with us

Македонија

Филипче: За влез во државата сертификат за вакцина, негативен тест или потврда за прележан Ковид

Media Press

Published

на

Филипче најави нова мерка за која утре ќе се знае од кога ќе стартува а тоа е, за влез и за излез на сите граѓани во државата без разлика дали се од Македонија или странци, да им се бара  сертификат за вакцина, негативен тест или потврда за прележан Ковид.

Ќе се препорача и трета доза на вакцина кај оние луѓе кои се  имунокомпромитирани, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека најверојатно ќе стартува во текот на неделата.   

„На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна. Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот“ рече Филипче.

Досега се вакцинирани околу 4000 деца на возраст од 16 до 18 години.

Македонија

Македонија денеска под снег, РСБСП со препораки за возење во зимски услови

Media Press

Published

на

Македонија денеска под снег. Снег паѓа речиси во целата земја како и во Радовиш. Утрово најниски температури се измерени во Берово и во Струмица.

УХМР соопшти дека во ноќните часови во западните и северните делови започнаа врнежи кои беа претежно од снег, само во југозападните делови имаше повремен дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

За денеска најави облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.

Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -2 до 5 степени.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предупредува за  подготовката на возилото и на возачите за возење во зимски услови.

Ниските температури, снегот и мразот можат да создадат опасни услови на патиштата кои бараат повнимателно возење заради осигурување безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува повеќе совети за безбедно возење во зимски услови: Користете задолжителна зимска опрема. Грижете се за техничката исправност на возилото. Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан.

– Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот.Возете на поголемо растојание од другите возила и одбегнувајте остри и ненадејни движења.

Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Немојте да забрзувате и нагло да кочите бидејќи ваквите постапки ќе доведат до лизгање  Кочете порано и имајте на ум дека мора да ја попуштите кочницата за да управувате и вртите. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални  услови. Бидете трпеливи и претекнувајте возила исклучиво кога тоа е безбедно, се едни од препораките од РСБСП.

Исто така се пропорачува во автомобилот да има мала лопата, малку песок, крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, антифриз, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.                                                           

РСБСП советува: Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете до посакуваната дестинација. Бидете информирани за состојбата на патиштата.   

Прочитај повеќе

Македонија

Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, во вториот квартал од годинава

Media Press

Published

на

Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Но според него тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, согласно предвидените проекции и анализи.  

„Нашите планови се минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари во наредниот период, но малку го продолживме рокот, со оглед дека во првиот квартал од 2022 година треба да се менаџира состојбата со енергетската криза и тоа да не биде дополнително оптоварување за компаниите во вториот квартал во 2022 година. Доколку се исполнат сите проекции и анализи на експертите, но и на институциите, за намалување на негативното влијание од енергетската криза, тогаш во голема веројатност ќе одлучиме за зголемување на минималната плата“, посичи Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија, при што беше промовиран новата лабораторија за испитување на квалитетот на маслата за горење за добивање на топлинска енергија.

Прочитај повеќе

Македонија

ССМ: Една минимална плата е доволна за леб и вода

Media Press

Published

на

Синдикалната минимална кошница за декември 2021 година се зголемила за 150 денари или истата изнесува 35.042 денари, а во споредба со истиот месец предходната година е зголемена за повеќе од 1.500 денари.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, со две минимални плати може да се платат и трошоци за комунални услуги, струја, вода, парно и да останат околу 4.317 денари за преживување до крајот на месецот на едно четиричлено семејно домаќинство кое прима 2 минимални плати.

„Сите оние кои се против или го одложуваат растот на минималната плата на 18.000 денари, ги охрабруваме да пробаат еден месец да живеат како 110.000 работници во Државата“. велат од ССМ.

Прочитај повеќе