Connect with us

Македонија

Сладоледите KIT KAT и Mилка се повлекуваат од продажба, поради пронајден етилен оксид во нив

Media Press

Published

на

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.

Од пазарот, како што прецизираат, се повлекуваат и отповикуваат сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл со сериски број/лот- PL1048 и рок на употреба до 28.02.2023, со потекло од Франција.

„Причина за отповикување е небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето“, велат од АХВ.

Заради истата причина се повлекува и сладолед Милка ванила и чоколадо стапче 20х100 мл со сериски број/лот:MI1118, MI1119 и рок на употреба до 30.04.2023, по потекло од Полска, како и сладолед Милка чоколадно стапче со лешник 20х100 мл со сериски број/лот:MI1117 и рок на употреба до 30.04.2023, со потекло исто така од Полска, чиј увозник е АЛМА М. „Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ се затекнати во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Апелираме крајните потрошувачи, кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги конзумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, или да ги уништат“, порачуваат од АХВ.

Инаку Етилен оксидот е меѓу првите седум скриени состојки во козметиката и производите за лична нега. Етилен оксид најчесто се наоѓа во мирисите и шампоните. Сепак, се знае дека ова соединение има штетни ефекти врз здравјето на луѓето.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Media Press

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес- конференција најави дека една од мерките која речиси сигурно ќе биде предложена во октомври е барањето сертификат за целосна имунизација, односно примени две дози вакцина, за влез во угостителски објекти или институции каде сега е дозволен со една примена доза.

„Мерка која сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро да прерасне со потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, рече Филипче, додавајќи дека на граѓаните ќе им се остават 2-3 недели за вакцинирање.

Според податоците што ги изнесе Филипче, над 90 отсто од починатите биле невакцинирани, а од вкупниот број новодијагностицирани од 6 до 16 септември 21 отсто биле вакцинирани, а 79 немале примено вакцина. Тој повторно ги повика граѓаните да се вакцинираат, како суштинска опција за излез од кризата.

Прочитај повеќе

Македонија

До вчера се попишани вкупно 800 008 лица

Media Press

Published

на

Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Како што информираат од ДЗС досега попишувањето тече во најдобар ред и граѓаните одговорно пристапуваат кон оваа статистичка операција.

Прочитај повеќе

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе