Connect with us

Дојран

Завршен е проектот за партерно и хортикултурно уредување на централниот дел на Стар Дојран, финансиран од ЕУ

Media Press

Published

на

Завршен е и проектот со ЛРКП финансиран од ЕУ, партерно и хортикултурно уредување на централниот дел на Стар Дојран од 36.000м2. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска беше во посета на Општина Дојран и притоа оствари работен состанок со градоначалникот Анго Ангов.

„Разговаравме за досегашните реализирани проекти но и за можните идни проекти кој што заеднички ќе ги дефинираме како приоритетни и заеднички ќе ги реализираме.

Огромна благодарност до Евроамбасадорот Дејвид Гир за досегашната соработка и огромна поддршка, во иднина продолжуваме заеднички да работиме за поубав и помодерен Дојран…“ вели градоначалникот Ангов.

 Тој додава дека Општина Дојран е лидер во искористувањето на ЕУ фондови, а во соработка со Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека  ќе продолат со уште поголем капацитет и интензитет во искористување на ЕУ фондовите.

Гевгелија

Локализиран пожарот кај Фурска брана, и кај Богородица, Гевгелија

Media Press

Published

на

Благдарение на брзата интервенција на пожарникарите, успешно е спречено ширењето на пожарот кој што изби кај Фурска брана.

„Само совесно однесување може да ги спречи штетите од непроценлив карактер“, напиша градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов во објавата на социјалните мрежи, кој се заблагодари на пожарникарите за брзата интервенција.

„Да се однесуваме одговорно, да бидеме претпазливи и да ја заштитиме нашата природа“, апелира Ангов.

Вчера во попладневните часови, во Гевгелија избувна уште еден пожар над БП „Лукоил“- Гевгелија, на боровата шума покрај стариот пат кон Богородица. Од ТППЕ- Гевгелија информираа дека пожарот навремено е локализиран и истиот е изгаснат. Со помош на две пожарникарски возила, механизација и возило на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, механизација на градежната компанија „МЛАЗ ИНЖЕНЕРИНГ ТРАСНПОРТ“, граничната полиција, странската полиција, ПС- Гевгелија, вработените од хотел-казината „Скај“ и „Принцес“ БП „Лукоил“ и жителите од населеното место Богородица. Пожарот зафатил површина од 1 хектар борова шума и сува трева.

Причината за настанување на пожарот е човечки фактор, истакна командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.

            Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, истакна посебна благодарност до жителите од населеното место Богородица за нивниот придонес и соработката со надлежните органи, поздравувајќи ја потврдената одговорност кога се работи за катастрофи во кои се засегнати човечките животи и уништувањето на природата.

Прочитај повеќе

Дојран

За продолжениот викенд се бара место повеќе во Дојран, да се биде дел од „Мандра“ Фестивалот

Media Press

Published

на

Традиционално за големиот празник Илинден, Дојран привлекува најмалку десетина илјади туристи од кои поголемиот број се од земјава.

Од општината велат дека Дојран уште во текот на денот почнал да се полни со гости кои доаѓаат да го прослават заштитникот на Дојран, Свети Илија,  да уживаат на плажите на Дојранското езеро но и да се  забавуваат на МАНДРА Фестивалот кој ќе се одржи во Дојран од утре 31 јули до недела 01 август.

 За Мандра Фестивалот се најавени познати балкански имиња како Жељко Самарџиќ, Петар Грашо, Адил и други.

Од општината наведуваат дека почнале да се подготвуваат и за успешно организирање на многу други културни настани кои во текот на месец август ќе се одржуваат на сцената под јаворите во Стар Дојран.

Прочитај повеќе

Гевгелија

88 реонски попишувачи и 9 реонски инструктори ќе бидат примени за Пописен реон кој ги опфаќа Гевгелија и Дојран

Media Press

Published

на

     Во тек е јавниот конкурс објавен од Државниот завод за статистика за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори.

 За Пописен реон 11 (Гевгелија-Дојран) потребни се 88 попишувачи и 9 реонски инструктори. Условите за пријавување на Конкурсот се: кандидатите да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено минимум средно образование, да се невработени и да знаат да работат на компјутер.

            Пријавувањето се врши електронски, со пополнување на е-пријава која секој заинтересиран може да ја најде на веб-страната на Државниот завод за статистика. Конкурсот трае заклучно со петок, 5 август, 2021 година.

Претходно пријавените и избрани кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори (март, 2021 година) доколку се’ уште се заинтересирани да учествуваат во спроведувањето на Пописот 2021, треба повторно да се пријават на новообјавениот конкурс.

 Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се реализира во периодот од 5 до 30 септември, 2021 година.

Прочитај повеќе