Радовиш
ЈП Плаваја, Радовиш од вечерва започнува со режим на водоснабдување, со цел полнење на резервоарот “Коџа Баир”
Објавено на
Од
Media PressЈП Плаваја, Радовиш од вечерва започнува со режим на водоснабдување на сите корисници кои се водоснабдуват од резервоарот “Коџа Баир”, со цел негово полнење
Зголемените температури ја зголемија неколкукратно потрошувачката на вода од резервоарот “Коџа баир” информираат од ЈП Плаваја од Радовиш .
„Со оваа летна минимална издашност на водозафатите не можеме да успееме да го наполниме резервоарот и да ги снабдиме високите зони со вода, а ниските зони во тие периоди имаат постојано водоснабдување и енормно ја трошат најскапоцената течност, течноста што значи живот – водата за пиење!“ велат од ЈП Плаваја, од каде уште еднаш упатуваат апел до граѓаните за рационално трошење на водата за пиење .
„Поради тоа, а со цел да обезбедиме континуирано водоснабдување на сите корисници кои се водоснабдуват од резервоарот “Коџа Баир” од вечерва Четврток 5 Август 2021 најавуваме режим на водоснабдување со кој СЕКОЈА ВЕЧЕР ќе го прекинуваме водоснабдувањето од резервоарот „Коџа баир“ и ќе започнуваме со негово полнење до максимална кота.
Оваа операција ќе започнува СЕКОЈА ВЕЧЕР во периодот помеѓу 22:00 и 23:00 и ќе трае помеѓу 06:00 и 07:00 часот секое наредно утро. Нејзина цел како што најавивме и претходно е секој ден после 07:00 часот, па се до 22:00 часот да има нормално водоснабдување, особено на високите зони“, додаваат од Плаваја.
Од таму аплеираат до сите корисници од наведените зони (КОЏА БАИР, ШАИН МААЛО, КОРЧО МААЛО, КАЛУЗЛИСКА И В.С.БАТО) за периодите на прекин да си обезбедат потребни количини на вода во периодот кога ќе имаат нормално водоснабдување.
„Најљубезно Ве замолуваме, и по кој знае кој пат повторно апелираме, до сите корисници на цела територија на општина Радовиш, да се употребува водата од водоснабдителниот систем на ЈП”ПЛАВАЈА” исклучиво за пиење и потреби на домаќинствата“ стои во апелот од ЈП Плаваја- Радовиш, од каде во овие високи летни температури и сушен период, прават максимални напори за снабдување со вода на сите корисници.
Поврзани содржини

ЈП Плаваја со факти и докази дека редовно се одржува депонијата во Радовиш

ЈП ПЛАВАЈА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ

ЈП ПЛАВАЈА: ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД НАСЕЛБА КУКЛЕВИЦА И РАКЛИШ

ЈП Плаваја: Со вода за пиење наводнувал 3–4 декари тутун со распрскувачи

ЈП Плаваја Радовиш, започна со редовно кастрење на дрва во централното подрачје на градот

ЈП Плаваја, Радовиш: ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД КОЏА БАИР, ШАИН МААЛО И КОРЧО МААЛО
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

