Connect with us

Радовиш

ЈП Плаваја, Радовиш од вечерва започнува со режим на водоснабдување, со цел полнење на резервоарот “Коџа Баир”

Media Press

Published

на

ЈП Плаваја, Радовиш од вечерва започнува со режим на водоснабдување на сите корисници кои се водоснабдуват од резервоарот “Коџа Баир”, со цел негово полнење

Зголемените температури ја зголемија неколкукратно потрошувачката на вода од резервоарот “Коџа баир” информираат од ЈП Плаваја од Радовиш .

 „Со оваа летна минимална издашност на водозафатите не можеме да успееме да го наполниме резервоарот и да ги снабдиме високите зони со вода, а ниските зони во тие периоди имаат постојано водоснабдување и енормно ја трошат најскапоцената течност, течноста што значи живот – водата за пиење!“ велат од ЈП Плаваја, од каде уште еднаш упатуваат апел до граѓаните за рационално трошење на водата за пиење .

„Поради тоа, а со цел да обезбедиме континуирано водоснабдување на сите корисници кои се водоснабдуват од резервоарот “Коџа Баир” од вечерва Четврток 5 Август 2021 најавуваме режим на водоснабдување со кој СЕКОЈА ВЕЧЕР ќе го прекинуваме водоснабдувањето од резервоарот „Коџа баир“ и ќе започнуваме со негово полнење до максимална кота.

Оваа операција ќе започнува СЕКОЈА ВЕЧЕР во периодот помеѓу 22:00 и 23:00 и ќе трае помеѓу 06:00 и 07:00 часот секое наредно утро. Нејзина цел како што најавивме и претходно е секој ден после 07:00 часот, па се до 22:00 часот да има нормално водоснабдување, особено на високите зони“, додаваат од Плаваја.

Од таму аплеираат до сите корисници од наведените зони (КОЏА БАИР, ШАИН МААЛО, КОРЧО МААЛО, КАЛУЗЛИСКА И В.С.БАТО) за периодите на прекин да си обезбедат потребни количини на вода во периодот кога ќе имаат нормално водоснабдување.

„Најљубезно Ве замолуваме, и по кој знае кој пат повторно апелираме, до сите корисници на цела територија на општина Радовиш, да се употребува водата од водоснабдителниот систем на ЈП”ПЛАВАЈА” исклучиво за пиење и потреби на домаќинствата“ стои во апелот од ЈП Плаваја- Радовиш, од каде во овие високи летни температури и сушен период, прават максимални напори за снабдување со вода  на сите корисници.

Радовиш

Пописот се одвива без проблеми. Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

  Пописот кој започна на 5 септември се одвива без проблеми и согласно предвидената динамика во општините Радовиш и Конче. Во  двете општини досега се попишани околу 11 илјади граѓани.

Денеска во посета на Радовиш беше и експертот за попис Данило Доленц  кој ја наблудуваше самата пописна операција при посета на  неколку домаќинства.

Претседателот на Пописната комисија за општините Радовиш и Конче Драги Стојанов, изразува балгодарност до граѓаните  што одговорно се однесуват спрема оваа статистичка операција.

Експертот за попис Данило Доленц  изрази задоволство од соработката на граѓаните со попишувачите и притоа рече дека Македонија ќе добие еден квалитетен попис.

„Денеска ми е веќе четврти ден како го обиколувам теренот во Македонија и би сакал да кажам дека пописот кој се спроведува во Македонија, а тое е мојот седми попис и имам многу искуство во изведувањето на попишувањето,  можам слободно да кажам дека овој метод кој што се употребува во Македонија е најнапредниот и најмодерниот попис, кој се прави во овој момент на просторот во цела Европа. Така да ми е големо задоволство што јас учествувам во овој голем проект кога успеавме да собереме многу податоци од овие  извори така што попишувањето оди многу брзо и  и квалитетно. Благодарма уште еднаш на домаќините за топлиот прием и знам дека овој попис ќе биде голем успех за Република Македонија“, рече експертот за попис Данило Доленц.

Државниот инструктор Кирил Ангелов задолжен за реонот 9  кој ги опфаќа општините Радовиш и Конче, рече дека се надминати  почетните техничките проблеми и пописот е во полн ек.  Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче.

Тој вели дека досега во двете општини  Радовиш  и Конче нема случај на одбивње на попишувач и не попишување или инцидент.  

Пописот ќе се спроведува до 30 септември,  а до тогаш трае и електронското самопопишување на иселениците во стрнаство.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден за прва помош

Media Press

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден за прва помош кој годинава се одбележува под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница” со акцент за афирмација на оваа животоспасувачка вештина меѓу младите.

 Вештините за прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен акт што ги оспособува луѓето да спасуваат животи и помагаат да се закрепнат од ненадејна болест или повреда, вели  секретарот на  Црвен крст во Радовиш Верица Беќарова.

Волонтерите од Клубот на млади од црвениот крст од Радовиш практично во сималциони вежби кои се одржаа во центарот на градот, покажаа вештини за прва помош за спасување на нечии живот.

 Светскиот ден за прва помош е можност за промовирање и застапување за знаење и вештини за прва помош за пошироката јавност. Црвениот крст  секоја година  обучува повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот за прва помош. Поседувањето вештини за прва помош го зголемува капацитетот на поединецот да преземе брза акција за да ги намали или стабилизира сериозните повреди и да ги подобри шансите за преживување на жртвата.

Прочитај повеќе

Радовиш

Сосетка пyкaла кон комшискиот двор со воздушна пyшкa, случајот пријавен во радовишката полиција

Media Press

Published

на

На 11 септември во 20.10 часот во Полициска станица Радовиш, Д.Н.(24) од с.Ораовица пријавил дека околу 18.15 часот додека бил во своето дворно место со воздушна пушка била испукана една дијабола од неговата сосетка Ј.М. во правец на неговата куќа каде во непосредна близина бил и пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе