Connect with us

Македонија

Владата прогласи кризна состојба на територијата на државата, поради зголемениот број на пожари

Media Press

Published

на

Владата од денеска прогласи кризна состојба на територијата на државата, во траење од 30 дена, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивното ширење.

Одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чии членови на седницата која се одржа вчера 4 август, во попладневните часови го прифатија предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на Република Македонија заради зголемена појава на пожари.

Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење.

Во Законот за управување со кризи кризната состојба е дефинирана како состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Одлуката за нејзино прогласување не може да трае подолго од 30 дена.

Доколку има потреба состојбата да трае подолго, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.

Македонија

Наши државјани ќе може да влезат во Бугарија со ковид-потврда и негативен тест

Media Press

Published

на

По интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на македонски државјани, информираат од Министерството за надворешни работи.

„Со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест“, стои во соопштението од МНР.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Прочитај повеќе

Македонија

Со високи државни и воени почести пред Владата, пречекан бугарскиот премиер

Media Press

Published

на

Бугарскиот премиер Кирил Петков утринава беше пречекан со високи државни и воени почести пред Владата, придружуван од домаќинот, македонскиот премиер Димитар Ковачевски. По пречекот, двајцата имаат средба во Владата, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 11.45 часот.

Со Петков се дојдени потпретседателот на бугарското Народно Собрание Кристиан Вигенин, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт и врски Николај Сабев.

Како што информираат од Владата, премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе одржат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Во Владата одделни средби се одржуваат и меѓу заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Прочитај повеќе

Македонија

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари

Media Press

Published

на

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб

Македонската Влада синоќа донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи. Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот, вчера ја одржа првата седница.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.

Како што соопштија од Владата, одлуката нема да влијае на крајот на учебната година и со адаптација на наставните планови таа ќе заврши на 10 јуни како што е и предвидено во календарот за наставна програма.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Прочитај повеќе