Connect with us

Гевгелија

ТППЕ- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ се справуваат со пожарот на македонско-грчката граница

Media Press

Published

на

     Гори во пламен шумскиот појас на македонско-грчката граница.

Имено, во текот на попладневните часови, околу 13 часот, изби пожар во ридските предели крај автопатот на македонско-грчката граница. Пожарот е близу хотел „Фламинго“ и бензинската пумпа „Шимов“. Моментално, ТППЕ- Гевгелија со две возила и мобилизирани пожарникари, како и вработени од ЈПКД „Комуналец“ со едно возило и механизација се на терен и преземаат мерки за локализирање на истиот.

Според информациите од ТППЕ- Гевгелија, пожарот зафаќа борова шума, а огнените јазици се шират кон грчката територија. Од страна на надлежните, се информирани и грчките пожарникари. Засега, не се познати причините за настанување на елементарната непогода.

            Општина Гевгелија и ТППЕ- Гевгелија ги потсетуваат граѓаните на одговорно однесување во услови на невообичаено високи температури кога и едно најмало невнимание може да предизвика огнена стихија со катастрофални последици.

Инаку од вчера, пожари беснеат на неколку локации во Македонија, најголем беше пожарот кој синоќа го зафати Кочани.

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Градоначалникот Сарамандов во посета на првото новородено дете во Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска, ги посети мајката и првото новороденче во Општата болница во Гевгелија. Притоа, на родилката и ги врачи ваучерот од 10.000 денари и други подароци за прво родено бебе во Новата 2022 година, жител на општина Гевгелија.

Сарамандов и ја честита првата рожба на Пепита Спасова, посакувајќи му на бебето здравје, среќа и безгрижно детство. Имено, Општина Гевгелија, во попладневните часови од 1 јануари, 2022 година, го доби новиот жител. Mајката Пепита Спасова од Давидово на свет донесе здраво, машко дете, тешко 3 килограми и 150 грама, а долго 50 цм. Породувањето е извршено во Одделот за гинекологија и акушерство, во ЈЗУ Општата болница со проширена дејност во Гевгелија. Новороденчето е прво дете на брачниот пар Спасови од населеното место Давидово.

Прочитај повеќе