Connect with us

Македонија

Денеска се празнува Огнена Марија

Media Press

Published

на

Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Според житието Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 – годишна возраст по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина. За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30 јули. Во народот е позната како Огнена Марија и е господарка на оганот, но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.

Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Света великомаченичка Марина.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат по заслуга.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Наши државјани ќе може да влезат во Бугарија со ковид-потврда и негативен тест

Media Press

Published

на

По интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на македонски државјани, информираат од Министерството за надворешни работи.

„Со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест“, стои во соопштението од МНР.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Прочитај повеќе

Македонија

Со високи државни и воени почести пред Владата, пречекан бугарскиот премиер

Media Press

Published

на

Бугарскиот премиер Кирил Петков утринава беше пречекан со високи државни и воени почести пред Владата, придружуван од домаќинот, македонскиот премиер Димитар Ковачевски. По пречекот, двајцата имаат средба во Владата, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 11.45 часот.

Со Петков се дојдени потпретседателот на бугарското Народно Собрание Кристиан Вигенин, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт и врски Николај Сабев.

Како што информираат од Владата, премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе одржат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Во Владата одделни средби се одржуваат и меѓу заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Прочитај повеќе

Македонија

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари

Media Press

Published

на

Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб

Македонската Влада синоќа донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи. Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот, вчера ја одржа првата седница.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.

Како што соопштија од Владата, одлуката нема да влијае на крајот на учебната година и со адаптација на наставните планови таа ќе заврши на 10 јуни како што е и предвидено во календарот за наставна програма.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Прочитај повеќе