Connect with us

Радовиш

Асфалтирана улицата „Даме Груев“ една од најоштетените улици во центарот на Радовиш

Avatar

Published

на

Конечно е обновена една од најоштетените улици во центарот на Радовиш,  која претставувше проблем за граѓаните со години. Станува збор за улицата „Даме Груев“ во централното градско подрачје,  позади Стопанска банка во Радовиш, која е новоасфалтирана и со тоа се подоброуваат условите за движење, како за возилата така и за пешаците.

„Многу штикли се искршија на оваа улица“ коментираат граѓаните кои не сакаа да зборуват пред камера, но сепак се гледа нивното задоволство што конечно се обнови улицата.  

Како што информираат од Општина Радовиш станува збор за проект од програмата за обнова на уличната инфраструктура во општината. Во рамките на оваа програма беше обновена и улицата „Свети Спасо Радовишки“, се до Монополот. Целосно беше реконструирана пешачката и велосипедската патека на булеварот Александар Македонски, а обновени беа и други улици во градот кои беа во лоша состојба.

Градоначалникот Герасим Конзулов, вели дека останува посветен на проектите со кои се подобруваат условите за живот во општината, до крајот на својот мандат.

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица -Радовиш денеска заедно со граѓаните на градскиот пазар

Avatar

Published

на

Денеска членовите на ЛО Левица-Радовиш ја презентираа програмата на претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, на поставен штанд до градскиот пазар во Радовиш.

„Граѓаните велат дека со нетрпение ги чекаат овие историски избори за заедно да ставиме крај на криминалните банди од ДПМНЕ, СДС и ДУИ кои ја пустошат Македонија триесет години“ велат младите активисти на ЛО Левица – Радовиш, кои рекламниот материјал од програмата на Ванковска го делеа и на граѓаните во пазарот.

Прочитај повеќе