Connect with us

Радовиш

Објавен Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Локалното Собрание на млади на Општина Радовиш распишува Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш. Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Општина Радовиш, во локалните медиуми, на социјалните мрежи и на други јавни места.

Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.

Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:

1. Портфолио на организацијата/групата/здружението

2. Годишна програма за работа на организацијата/групата/здружението

3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за изминатата година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Радовиш,

4. Писмо со номинација за член/членови на локалниот младински совет и контакт информации за истите

5. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

Сите заинтересирани младински организации кои ги исполнуваат условите наведени во овој Повик, можат да поднесат Пријава за номинација на свои претставници со потребната документација, секој работен ден од 07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави во архивата на Општина Радовиш на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр. 7.

Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за член на „Локален младински совет“.

Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 27.07.2021 година до 06.08.2021 година (краен рок). Дополнителни информации може да се добијат на тел. 078 248 110, hadjivasilev@radovis.gov.mk, лице за контакт Душан Хаџи-Василев.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе