Радовиш
Денеска ќе биде извршена промоција на книгата “Радовишки маабети”
Објавено на
Од
Media Press
Денеска ќе биде извршена промоција на книгата “Радовишки маабети” од авторот Павлина Кошевец во издаваштво на Центар за култура ,,Ацо Караманов” во Радовиш, каде ќе биде и промовирана истата, со почеток во 20:30 часот.
Книгата е напишана на радовишки говор, поделена е на два дела.
Драмски пиеси 12 на број и речник на зборови од радовишкиот говор.
Книгата е пишувана со цел да се сочува радовишкиот говор од заборав, а истовремено на идните генерации да им се предаде автентично и оргинално радовишкиот говор. Со книгата “Радовишки маабети”, радовишкиот говор добива книжевен запис кој го одделува од останатите дијалекти на македонскиот литературен јазик.
Како извадок од промовираната книга ќе се одигра драмска пиеса
,, КАЈ КОНДУРЏИЈАТА КОСТАЌЕ” – во изведба на аматерска драмска група при Центар за култура ,, Ацо Караманов” под менторство на Томе Постолов.
Поврзани содржини

Промоцијата на книгата ,,Денот ви ѕвони на врата” од авторката Стефанија Лукарова од Радовиш

Промовирана книгата ,,Да се убие себе во себе” од поетот, актер и публицист Доне Донев, во ОНБ “Браќа Миладиновци” – Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Промовирана книгата “Радовишки маабети”, чувар на радовишката традиција

Промовирана книгата „Обредни лебови“ од професорката Павлина Кошевец, книга која ќе остави траен белег на традицијата
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

