Connect with us

Македонија

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за националните црвени линии, денеска пред пратениците

Media Press

Published

на

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на денешната 47 седница на Собранието.

На дневниот ред од денешната седница се повеќе предлог закони, како и барања за давање на автентично толкување на членови од повеќе закони.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“.

Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но, пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.

Премиерот Зоран Заев, претходно изјави дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена. И министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изјави дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата. Според него, резолуција во која нема уставно име, нема правна форма.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

24 нови случаи на Ковид -19 во општините во Југоистокот според последните податоци

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД-19 од нив 24 во Југоистокот:

• Струмица – 10

• Гевгелија – 9

• Радовиш- 3

• Валандово и Богданци, по 2.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје, 3 починати лица од Куманово. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.

Прочитај повеќе

Македонија

Резултатите од вчерашното тестирање на ученици беа негативни

Media Press

Published

на

Резултатите од вчерашното скрининг тестирање на 68 ученици од Скопје беа негативни, соопштува Министерството за здравство.

Предвидено е, како што информираа од Министерството за здравство и Министерството за образобание и наука, освен во овие две училишта, скрининг на учениците да се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Исто така, вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Во Југоистокот тестирањето продолжува во општините Дојран и Конче.

Од Центарот за јавно здравје чии медицински лица ги земаат примероците од брис, велат дека станува збор за брзи скрининг тестови кои се слични како и тие што се земаат брисеви и за коронавирусот, но и за други бактериолошки заболување во носот и грлото. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците. Со податоците ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, информираат од Министерството за здравство.

Прочитај повеќе

Избори 2021

До ДИК досега се поднесени 13 приговори за постапката за гласање

Media Press

Published

на

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Двата се однесуваат на две избирачки места во општина Јегуновце. Останатите приговири се за избирачко место во општина Ѓорче Петров и за избирачко место во општина Македонска Каменица.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачки места во општините Дебар, Шуто Оризари и Гостивар. Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина Гостивар и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачки места во општина Центар, во општина Долнени и во општина Сарај.

Два приговора се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на прекршување на изборниот молк.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Прочитај повеќе