Connect with us

Струмица

Казни за возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената

Media Press

Published

на

Казни за 45 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.

СВР Струмица и во текот на вчерашниот ден презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 45 пречекорувања на брзината, од кои 2 за управување со брзина помеѓу 50 и 70 километри на час над дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Струмица

СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на 26- годишна жена кој вчера се одалечила од својот дом

Media Press

Published

на

СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на 26- годишна жена кој вчера се одалечила од својот дом.

Имено вчера околу 19.30 часот во СВР Струмица, лицето А.Ф.(33) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга А.Ф.(26), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Струмица

Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист од Струмичко

Media Press

Published

на

Синоќа околу 23.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Зубово кон село Ново Село, струмичко, А.П.(21) од с.Зубово, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Get EXITed забавата стигнува во Струмица во септември!

Media Press

Published

на

Големиот еднодневен настан „Get EXITed“ , во организација на тимот на ЕГЗИТ Фестивалот и во соработка со градот Струмица, ќе биде одржан во среда, 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент влезници.

Единствениот концепт на „Get EXITed“ музичкиот настан беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која пред бројните насобрани медиуми се обратија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претставници на ЕГЗИТ.

„’Get EXITed’ пристигнува на 7 септември во Струмица! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“ – изјави по овој повод градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

„Од самото основање на ЕГЗИТ постои голема врска помеѓу Македонија и нашиот фестивал, која ја одржуваме веќе две децении, а сега е време и ние да свратиме кај вас! Бидејќи врските помеѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што во семејството на ЕГЗИТ-настаните конечно ни се придружува и Македонија, а почетокот на оваа соработка е токму големиот Get EXITed музички настан во септември во Струмица“ – порачаа од тимот на ЕГЗИТ.

„Get EXITed“ како концепт на еднодневен музички настан ќе направи одличен вовед во првото издание на големиот македонски фестивал кој е планиран за следната година. ЕГЗИТ е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, која има свои девет фестивали во седум држави. Покрај матичниот фестивал, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, ЕГЗИТ досега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип“ фестивалот во Белград, „Си Денс“ и „Ада Дивајн Авејкенинг“ во Црна Гора, „Револушн“ во Романија, „Си Стар“ во Хрватска, „Еховејвс“ во Грузија, „Фестивал 84“ во Босна и Херцеговина, „Санленд“ на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс“ во Инѓија и многу други.

Мисијата на ЕГЗИТ од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и изградба на нивниот препознатлив имиџ.

Прочитај повеќе