Connect with us

Македонија

Пензијата ќе се зголеми за 125 денари на ниво на најниска пензија

Media Press

Published

на

Пензионерите со јулската  пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2 отсто.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

-Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата. Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 отсто, се наведува во соопштението од Министерството.

Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Македонија, како што посочуваат од МТСП, може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15 отсто и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5 отсто. 

Пензионерите со негодување на ваквото зголемување, бидејќи сметаат дека е премалку во одност на зголемувањето на трошоците за живот.

Македонија

Апасиев: Правото на амандмани не е резервирано само за великоалбанскиот шовинизам

Media Press

Published

на

Процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев, откако спикерот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ги фрли во корпа, како што рече Апасиев, амандманите на пратениците на Левица на Законот за лична карта.

„Во 14:00 часот е закажана Комисија за политички систем, имаме поднесено околу 1800 амандмани. Ги поднесовме грижливо, точно според Деловникот, известени сме дека не се проследени. Се обидете ли да направите ШВЕРЦЕРАТ, пратете таму обезбедување, бидејќи Комисија нема да има. Не може само за великоалбанскиот шовинизам да има право на амандмани во ова Собрание!“ рече Апасиев прилично изреволтиран од односот на Џафери кон нивните амандамни.

По прекинатата седница на Комисијата за политички прашања, на која пратениците на Левица поднесоа околу 1800 амандмани на Законот за лични карти, коишто беа одбиени од страна на спикерот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев одржа прес конференција на која рече дека амандаманите на Алијанса биле 10 пати технички понеисправни од нивните.

Прочитај повеќе

Македонија

Пресечен меѓународен канал на дрога, уапсени се пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга

Media Press

Published

на

Полицијата пресече меѓународен канал за трговија со дрога, при што во акцијата се уапсени пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга, од кои двајца поранешни вработени во МВР, и е запленета дрога марихуана во вредност од околу 150.000 евра.

Како што соопшти МВР, акцијата е резултат на спроведена истрага почнувајќи од минатиот месец од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Албанија преку територијата на земјава кон Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана е М.А. (50) од  Гевгелија.

– Во текот на истрагата беа добиени информации и податоци дека овие лица во периодот од 19.07.2021 година ќе организираат пренос на поголема количина марихуана од Албанија до Струга потоа до Гевгелија, со цел истата да ја транспортираат кон Грција. На 22.07.2021,  И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана. Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи, наведуваат од МВР.

По преземени мерки и активности, на 22.07.2021 околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници од ОКП, ОСОСК и ОСПО-САЕ Тигар, при што во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра,  по што сите се лишени од  слобода. Во координација со СВР- Струмица,  СВР-Охрид и РЦ Југ извршени се и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга каде од слобода се лишени М.А. и Д.Д. (инаку поранешни вработени во МВР). За време на претресите пронајдени се голем број мобилни телефони со СИМ картички, додека кај И. К. пронајдени се и одземени и две ловечки пушки, пиштол и муниција за наведените оружја кои лицето ги поседувал без дозволи.

За сите превземени активности известен е надлежен Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, при што по комплетирање на целокупната документација против наведените лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од КЗ на РСМ – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за што е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Прочитај повеќе

Македонија

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за националните црвени линии, денеска пред пратениците

Media Press

Published

на

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на денешната 47 седница на Собранието.

На дневниот ред од денешната седница се повеќе предлог закони, како и барања за давање на автентично толкување на членови од повеќе закони.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“.

Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но, пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.

Премиерот Зоран Заев, претходно изјави дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена. И министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изјави дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата. Според него, резолуција во која нема уставно име, нема правна форма.

Прочитај повеќе