Connect with us

Ново Село

Изгорела пилана со погон за производство на столови

Media Press

Published

на

Вчера околу 03.00 часот во СВР Струмица, В.М. пријавил дека настанал пожар во столарска работилница на подрачјето на с.Ново Село, струмичко, сопственост на Д.Љ. од с.Ново Село, при што биле опожарени објектот, работни машини, предмети и градежен материјал. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струмица, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

ТППЕ од Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители интервенирала на гаснење на запалената пилана со погон за производство на столови. Пожарот е целосно локализиран и ликвидиран околу 06.00 часот. Причинета е голема материјална штета.

Ново Село

Искинат пропаганден материјал од кандидат за градоначалник на општина Ново Село

Media Press

Published

на

На 06 октомвир во 14.10 часот во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека во с.Ново Село, с.Мокриево, с.Борисово и с.Колешино во периодот 05 и 06.10.2021 бил искинат пропаганден материјал од кандидат за градоначалник на општина Ново Село.

Се работи на расчистување на случајот; информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Без млади- нема иднина, порачува кандидатот за градоначалник на општина Ново Село, Горѓе Божинов од редовите на ВМРО- ДПМНЕ

Media Press

Published

на

„Доста слушавме скандали и доста чекоревме со наведната глава! Ново Село заслужува да биде пример за општина која вложува во земјоделието, туризмот, инфраструктурата и во младите! Без млади- НЕМА ИДНИНА“, порачува кандидатот за градоначалник на општина Ново Село,  Горѓе Божинов од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата.

Тој изразува огромна благодарност за масовната посетеност на нивните собири.

„На нашите собири има место за сите, доста беа поделби! Време е да работиме сите заедно и да ја направиме нашата општина пример во регионот!„ додава Божинов

Тој меѓу другото вели дека жителите на Дражево заслужуваат да го изразат својот револт, да ги споделат своите проблеми и да го кренат својот глас за подобра иднина, поканувајќи ги на вечерашната средба со почеток во 19 часот.

Прочитај повеќе

Ново Село

Во недела протест-блокада на патот кој води кон Колешинскиот Водопад, против неконтролираната сеча на шумата во Беласица

Media Press

Published

на

Во недела на 11април во 12 часот, месната зедница и жителите на Колешино, со поддршка на градоначалникот на Општина Ново Село и жителите на околните села, кои се засегнати од истиот проблем, како и еколошките здруженија Еко Долина од Ново Село и Здрава Котлина од Струмица, ќе организираат протест-блокада на патот кој води кон Колешинскиот Водопад со цел да се алармира јавноста и надлежните државни органи за стопирање на БЕЗОБЗИРНАТА И НЕКОНТРОЛИРАНА СЕЧА НА ШУМАТА ВО БЕЛАСИЦА, од страна на Јавното Претпријатие НАЦИОНАЛНИ ШУМИ.

Како што се наведува во образложението од организаторите, веќе подолг период, жителите на подбеласичките села Старо Коњарево, Дражево, Смолари, Мокрино, Мокриево, Борисово, Колешино, како и жителите на селата на падините на Огражден-Ново Коњарево, Самоилово, Ново Село, Сушица, Штука, Иловица, заедно со еколошките здруженија Еко Долина и Здрава Котлина, речиси безуспешно се борат против оваа неприродно организирана стихија на неконтролирано, непланско и безобзирно сечење на шумата. „И тоа на места каде е најлесно достапна, а без да се обезбедат изворите на вода од кои се снабдуваат посочените села, како и пробивањето на шумски патишта, кои веќе почнаа да предизвикуваат свлечишта“, стои во образложението.

Инаку протестот ќе биде поддржан и од Општина Ново Село со цел зачувување на локалното природно и културно наследство, со апел да биде мировен, и сите учесници да се придржуваат до важечките протоколи за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19 .

Прочитај повеќе